И покрај таа голема видливост, нивните автори остануваат невидливи. Токму преку овие награди се подигнува свеста за вештините на овие фотографи, нивната способност да ја преведат софистицираноста на градбата. Фотографот мора да ги интерпретира и објасни карактерот, деталите и околината во читлива и разбирлива дводимензионалност. Наградите се инклузивни и како кандидати можат да се пријават и професионалните, но и фотографите-аматери.
Овие фотографии се влезени во најтесниот избор за Наградите за архитектонска фотографија за 2019 година во конкуренција од 2000 пријавени фотографии од 42 земји.