PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Промоција на фотографска книга на Марта Шиндил во PrivatePrint

popup by popup
ноември 7, 2019
in Настани
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Оваа фотографска книга ги сумира неколкуте патувања во Јапонија, во периодот 2017-2018, на авторката, која е архитект по професија. Низ нејзините патувања таа ја користи фотографијата како метод за анализирање на општествената улога на просторот и архитектурата преку концептот на негативниот простор (MA), својствен за јапонската архитектура и култура, кој потоа станува и подлошка во конструирањето на целата книга.

Шиндил во воведниот текст вели: „Како и сите други архитекти и мене ме интересира да откријам што е тоа што овозможува градовите и нивната архитектура да бидат динамични и прогресивни. Тоа е бескрајна и долготрајна потрага која неизбежно нè тера да гледаме на друго место за понекогаш да можеме од различен агол да ги видиме нештата кои се пред нас. Моите интереси, досега, на три наврати ме одведоа во Јапонија. Како што романтичарите го користеле црното огледало за да ги откријат и да ги кадрираат пејзажите, јас го користев мојот фото-апарат ‘Фуџи’. Прошетав километри кон и низ повеќе јапонски градови, села, предели и острови во обид да го „фатам во кадар“ тоа што дојдов да го пронајдам. Со создавањето на оваа книга на фотографски белешки, се надевам дека и вас ќе ве ‘прошетам’ низ сето тоа.“

Издавањето на оваа книга, фото-патопис од Јапонија на архитектката Марта Шиндил, тргнува со идејата дека анализата на јапонската мисла за просторот може да се пронајде, иако веќе можеби заборавена или затрупана, во урбанизмот на Скопје токму преку урбанистичкиот план на Кензо Танге во кој несомнено тој го пренел јапонското поимање на просторот.
Промоцијата на книгата е надополнета со изложба на фотографии од истиот циклус на фотографии од авторката.
Линк до официјалниот настан на Facebook >> https://www.facebook.com/events/770572436722632/
Погледнете ја книгата на следниот линк >> http://privateprint.mk/mk/publishing/books/191-space-composition

Previous Post

Средба под сенката на „Врба“ на Манчевски

Next Post

Најдоброто од архитектонската фотографија во светот (галерија)

Next Post

Најдоброто од архитектонската фотографија во светот (галерија)

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum