Песната се вика „Nsera“, збор кој на јазикот бамбара значи „дестинација“, а оваа песна е ода за шаренилото, луѓето и пејзажите на Мали, земјата каде се зборува овој јазик и татковината на Фатумата Диавара.
Секој кадар од спотот прекрасно прикажува едно од многуте лица на Мали и Африка: запален споменик кој нѐ потсетува на архитектонското наследство на земјата загрозено од граѓанска војна, крвава фудбалска топка која го навестува на смртоносното Светско првенство, дете кое фрла огнено оружје, симбол од многуте деца-војници на континентот… Но, најважно од сѐ, прикажува чудесни погледи, развојна андерграунд панк култура, група мали девојчиња кои изведуваат балет и човек кој бара љубов под милениумскиот Баобаб… Со „Nsera“ Фатумата Диавара и Дејмон Албарн слават верзија на Африка каде сѐ е можно, и каде што иднината е светла.