PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Movember: Наздравје, за машкото здравје!

PopUp by PopUp
ноември 1, 2022
in Universes
0
Movember: Наздравје, за машкото здравје!
406
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Денес е првиот ден од ноември, што значи дека почнува Мовембер – глобално движење посветено на здравјето на мажите. 

Овој слоган кој ни е веќе добро познат, прв пат се појавува во 1999 година во Аделаид, Австралија. Додека седеле една вечер во локален паб, неколкумина пријатели решиле да ги израснат своите мустаќи во текот на месецот ноември и да продаваат маици за да соберат средства за превенција на насилството кон животни. Ова движење почнало со 80 мажи, но набрзо станало глобален феномен. 

Во 2004, друга група на мажи организирала настан во Мелбурн каде 30 мажи ги израснале своите мустаќи во текот на ноември со цел да покренат свесност за рак на простата и депресијата кај мажите. Веќе следната година ова движење собрало 40,000 австралиски долари за Фондацијата за рак на простата на Австралија. Три години подоцна ова движење се формализирало и станало Фондација Мовембер. 

Сепак, Мовембер има свој живот независен од оваа фондација и под овој слоган се случуваат разни кампањи кои ја запознаваат јавноста со начините на превенција и детектирање на рак на простата, рак на теститиси и депресија кај мажите. 

Прилепска Пиварница, со својот бренд Златен Даб, се приклучува кон глобалното движење за подигнување на свесноста за поголема (редовна) грижа за машкото здравје, преку спроведување на кампањата „Мовембер – На здравје, за машкото здравје“.

Во текот на ноември побарајте ги добро познатите шишиња на Златен Даб со нови етикети кои го одбележуваат Мовембер. Прилепска Пиварница од секое купено пиво Златен Даб во стаклена амбалажа од 0,33л и 0,5л, ќе одвојува одреден паричен износ што ќе биде наменет како донација која ќе изнесува до 400.000 денари. Средствата од донацијата ќе бидат наменети за набавка на медицинска опрема во согласност со потребите на Универзитетската клиника за урологија во Скопје.

„Во целиот свет месецот ноември е во знакот на машката популација и се одбележува со различни активности за подигнување на свеста за две чести заболувања кај мажите, какви што се ракот на тестиси и ракот на простата, но и општо одржување на психофизичкото здравје на мажите. Симболично обележје на Мовембер се мустаќите, а нив сега можете да ги забележите на етикетите на стаклената амбалажа на Златен Даб 0,33л и 0,5л“ – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.

Прилепска Пиварница како дел од ова глобално движење поставува позитивен пример за грижа и солидарност и ја подигнува свесноста за целокупното машко здравје, апелира за редовна посета на лекар, контрола и превенција од болести.

За повеќе информации посетете ја оваа страница.  

На здравје со Златен Даб!

 

Previous Post

„КАЈМАК“ на Милчо Манчевски е тема на денот во Токио

Next Post

„Дневниците на Енди Ворхол“: Уметникот кој не го знаеме

Next Post
„Дневниците на Енди Ворхол“: Уметникот кој не го знаеме

„Дневниците на Енди Ворхол“: Уметникот кој не го знаеме

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum