PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

МКЦ стана дел од Liveurope – најреномираната мрежа на концертни сали во Европа

popup by popup
март 31, 2021
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Од регионалните концертни сали, кои ја имаат таа привилегија да се дел од оваа позната асоцијација беше единствено културниот центар Kino Šiška од Љубљана, а сега веќе заедно со МКЦ се приклучуваат и Močvara (Загреб), како и Principal Theatre club (Солун).
Liveurope е иницијатива за поддршка на концертни сали во нивните напори за промоција на надоаѓачки европски артисти. Платформата дејствува како сертификат за квалитет, кој се доделува на концертни сали што работат посветено на претставување на европската музичка разноликост. Главната цел на Liveurope е да ја засили програмската понуда на млади европски артисти низ континентот, а истовремено да им помогне да стигнат до што поширока публика. Воспоставена во 2014, платформата Livеurope e прва иницијатива од ваков вид во Европа.

Платформата е координирана од Ancienne Belgique, меѓународно познатата и популарна концертна сала лоцирана во срцето на Европа, Брисел. Потенцијалните кандидати-членки на оваа организација се селектираат врз основа на нивната програма и посветеност во понудата на европски таленти и артисти, како и нивната професионална инфраструктура и меѓународна репутација.

Во однос на функционирањето на платформата, Liveurope нуди поддршка во форма на финансиски бонус на концертните сали што се дел од платформата, пропорционално на нивната понуда од надоаѓачки, странски европски артисти. Идејата зад овој механизам е да им овозможи финансиска поддршка на концертните сали да работат во овој правец во постојан континуитет, т.е. да промовираат европски артисти секоја година.
Концертните сали имаат целосна автономија во нивното програмско одлучување, сѐ додека музичките артисти што ги букираат се надоаѓачки млади европски таленти.

Платформата е под супервизија на надворешно раководно тело составено од 3 членки, чија улога е надзор на работата и делувањето над останатите членки. Во иднина, Liveurope цели кон проширување на платформата со прием на повеќе концертни сали од Европа, со што ќе прерасне во единствен знак за квалитет со кој се гарантираат условите и програмата на европските концертни сали.

Од МКЦ велат:
Самиот факт што Младинскиот културен центар (како институција која со својата посветена работа, ентузијазам, напредно програмско делување и неуморност) успеа да биде препознаена како клучна институција, силно ја валидира нашата работа и секако нашата меѓународна позиција како важен играч во европската, па и светската музичка индустрија. МКЦ со нескриена гордост ќе го носи овој знак за квалитет, кој ќе даде уште поголем придонес кон збогатувањето на нашата програмска понуда и идни активности. Веќе се во план неколку настани во текот на летниот период, кои ќе бидат дел од оваа иницијатива, а кои ќе ги откриеме во периодот што следува.

Previous Post

Џорџија О’Киф: Искажување преку боите

Next Post

„Тото и стравот“ – книга за храброста и за личната борба со стравот

Next Post

„Тото и стравот“ – книга за храброста и за личната борба со стравот

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum