PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Џорџија О’Киф: Искажување преку боите

popup by popup
март 30, 2021
in Уметност
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Додека студирала во Чикаго, О’Киф изјавила: „Открив дека можам да ги кажувам нештата со боја и форми, дека не можам да ги кажам на друг начин“.

Насоката на нејзината уметничка практика драматично се сменила четири години подоцна додека ги проучувала револуционерните идеи на Артур Весли Доу. Додека предавала уметност во западен Тексас, таа експериментирала со апстракција цели две години и создавајќи апстрактни цртежи со јаглен, развила личен јазик на кој ги изразувала своите чувства и идеи. Некои од овие цртежи стигнале до трговецот со уметнички дела и познат фотограф Алфред Штиглиц, кој подоцна ѝ станал сопруг. Тој воедно бил и организатор на првата нејзина изложба во 1916 година.

Blue Flower, 1918

Нејзиното воспитание се базирало на максимата „Одете по својот пат и ќе жнеете тоа што ќе посеете“ и токму тоа ѝ дало чувство на цврстина што ја ќе ја држи до крајот на животот. Оваа непосредна еластичност била во основата на нејзиниот феминизам додека се движела во светот доминиран од мажите, во уметничкиот зенит во 20 век. Таа била витална фигура во ослободувањето на жените, не само преку нагласувањето на неопходната потреба за еднаквост, туку и преку страсното пропагирање на самоизразувањето на општата човечка потреба за креативност.
До средината на 20-тите години на минатиот век, О’Киф веќе станала една од најважните и најуспешни уметници во Америка, позната по своите слики на њујоршките облакодери, како и по радикалните прикази на цвеќиња. Летото 1929 година, О’Киф била на првото од многуте патувања во северниот дел на Њу Мексико. Неверојатните пејзажи и културите на Индијанците и на Хиспанците од регионот, инспирирале нова насока во уметноста на О’Киф. Летните периоди од следните две децении ги поминала живеејќи и работејќи во Њу Мексико. Станала постојан жител на оваа држава во 1949 година, три години по смртта на Штиглиц.

Back of Marie’s No. 4, 1931

Сликите од овој период се совпаѓаат со зголемениот интерес на американските модернисти, кои барале нов и различен поглед во уметноста. Во 50-тите години на минатиот век, О’Киф ги почнала своите патувања низ светот. Таа творела дела инспирирани од спектакуларните места што ги посетувала, вклучувајќи ги перуанските планински врвови и јапонската планина Фуџи. На 73-годишна возраст почнала да се интересира за облаците и за небото од птичја перспектива.

Above the Clouds I, 1962-1963

Бидејќи страдала од макуларна дегенерација и ослабен вид, таа ја насликала својата последна слика на платно во 1972 година. Но, нејзината желба за творење не се намалила со ослабувањето на видот. Во 1977, на 90-годишна возраст, таа изјавила: „Го гледам она што сакам да го насликам. Она нешто што те тера да твориш е уште тука.“ Подоцна, речиси слепа, користела помош од неколку асистенти за да продолжи со својата уметност. Во овие дела таа ги вградила омилените мотиви од своите сеќавања и бујната фантазија. Починала на 6 март 1986, на 98-годишна возраст.

Autumn Trees-The Maple 1924

Преку нејзините дела, Џорџија О’Киф споделува комплексен микрокосмос на идентитет и обид да се грабне она неостварливото од етерот, она што е неповредливо од надворешните предрасуди и надворешната бучава. Токму ова пркосно ослободување отелотворено со еден единствен пристап и суптилно субверзивната моќ на нејзината уметност, ја претвори во истакната културна фигура на 20 век. „Мајката на модернизмот“ беше икона што го смени светот.

Black Rock on Red, 1971

Во Америка е позната како еден од најзначајните артисти. Нејзиниот музеј вклучува 150 слики и стотици дела на хартија (молив и јаглен, пастел и водени бои). Таму може да се најдат и лични предмети, од камења и коски до фустани и четки за боење, како и архива на документи и фотографии за нејзиниот живот.
 
 
Драган А.

Previous Post

Мартина Баракоска: Жените во музичката индустрија не се тука за да бидат симпатични

Next Post

МКЦ стана дел од Liveurope – најреномираната мрежа на концертни сали во Европа

Next Post

МКЦ стана дел од Liveurope - најреномираната мрежа на концертни сали во Европа

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum