PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Концерт на белградската synthpop сензација „Фантом“ и Тодор Караколев

popup by popup
ноември 30, 2021
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

ФАНТОМ е ново име на регионалната музичка сцена, проект зад кој стои името на Петар Вагнер. Со години усовршувајќи ја својата умешност на креирање музика, текстови и аранжмани за други изведувачи, Вагнер на почетокот на 2019 одлучува да поработи на свои песни.
Набргу потоа доаѓаат песните што Вагнер во своето белградско студио ги завршува со Луна Шкопеља, каде што Вагнер и Шкопеља со своите аналогни срца свират на дигитални инструменти и создаваат некои интересни и нови звуци.
Како раскажувач на „ноќни“ приказни, кои се случуваат во мрачни и пусти улици, простории со пригушено светло, илегални клубови во Белград, Загреб, Љубљана или кој било град каде што патот ќе те наведе, Фантом ниже синглови со кои ја воодушевува својата фан-база, која расте од ден на ден.
Тајновити се тие авантури, страсти и болка прераскажани во шифри во форма на синтетизиран звук, сонливи мелодии и обично-необични текстови.
Песните на Фантом се своевидна временска машина за патување во прстор и време, а крајната одредница е непредвидлива, баш како и тој самиот.
Во втората половина на 2021 Фантом објавува своја колекција на синглови и 3 необјавени песни под насловот „Ноќни приказни“, како своевиден заклучок на својот креативен период, а моментално работи и на нов материјал и најавува свој прв стусиски долгосвиречки албум.

Тодор Караколев е пејач-песнописец и електронски продуцент. Создава композиции со силен емотивен набој и луцидна лирика, движејќи се лесно и непредвидливо помеѓу различни стилови на електронската (и не само) музика: мутант техно, пост-диско, итало… Музика за танц со мрачен сексапил.

 

Previous Post

Кит Харинг: Кратка уметничка кариера со траен импакт

Next Post

Како да се засакаме себеси

Next Post

Како да се засакаме себеси

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum