PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Која пудра најдобро покрива модрици (повик за донација)

popup by popup
април 8, 2019
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

ХОПС ги охрабрува маргинализираните жени, мајки, другарки и повикува на борба за нивните човекови права преку интересна акција и настан за прибирање средства. Оттаму велат:

Која пудра најдобро покрива модрици? Оние модрици физички и психички, особено кај оние кои се најмаргинализирани? Модрици кои сакаме да не се случуваат повеќе, затоа сакаме да Ве замолиме за донација на ваше дело, ваучер, фотографии, слики, книги, накит и на 1 јуни 2019 да станете дел од настанот за прибирање средства за жените кориснички на услуги на ХОПС.

 

Собраните средства од овој настан ќе овозможат континуирана едукација за правна помош и поддршка во текот на целата година.

 

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје е здружение на граѓани кое од 1997 година активно ги спроведува своите програми и активности во Скопје и во останатите градови во Република Македонија. Во своето делување ХОПС помага кон подобрување на статусот на корисниците на дрога и сексуалните работници, како и на сите останати маргинализирани групи во општеството и во тој контекст сите тие се директни корисници или целни групи во работењето на здружението.

 

Настанот на кој ќе ја покажеме нашата поддршка ќе се оддржи во BackYard Lounge Bar & Kids Area, локал во центарот на Скопје, и ќе содржи разновидни активности како турнир во мал фудбал, кошарка, продажба на донирани уметнички предмети и предмети изработени од клиенти на ХОПС, ќе имаме и креативни работилници за деца. Настанот ќе го збогати промоција на изданието на мандали за возрасни Симона Манчевска, а крајот на денот е резервиран за кароке забава со Огнен Јанески. Целата агенда ќе ја имаме наскоро.

 

Делата можете да ги донирате најдоцна до 15 мај, а треба да бидат доставени на Ул. Христо Смирненски бр. 48/1-6, 1000 Скопје, секој работен ден од 8 часот до 16 часот. Или побарајте ја нашата Билјана Маџар на тел. бр: 078599825 или +389 (0)2 3 246 205, која ќе Ве упати за секој чекор или на е-маил: biljanam@hops.org.mk .

 

На секое дело, оставете име и презиме, контакт мејл и телефон и наслов на делото доколку има. Доколку сте во можност секако можете да донирате и на оваа жиро сметка:

 
 

270000000137627 – Халкбанк – АД Скопје

 

За настан „Која пудра најдобро покрива модрици?

 

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Previous Post

Марион Фајол: Визуелна поезија за човечките односи

Next Post

Зошто толку брзо ни лета времето

Next Post

Зошто толку брзо ни лета времето

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum