PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Андреа Рато: Ефектот на гентрификацијата во Европа

popup by popup
јули 8, 2020
in Уметност
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Во денешно време Лавапиес е еден од квартовите што привлекуваат голем број туристи. Со други зборови, во меѓувреме на Лавапиес му се случи процесот наречен гентрификација. Иако на прв поглед изгледа позитивно и шарено, приказната е сосема поинаква. Најлошиот ефект на гентрификацијата е иселувањето на најранливите социјални класи во периферните области, поради што Лавапиес од евтина населба се претвори во кварт со цени за домување и за изнајмување стан слични на оние во најелитните квартови на шпанскиот главен град. За ова несомнено придонесоа и туристичките станови, како и платформата Airbnb.


Кога авторот Андреа Рато патувал низ Мадрид за подготовката на својата фотографска книга „Еуропа“, ги споредил случувањата со Лавапиес и другите европски квартови. Веднаш му станало јасно дека оттаму треба да почне неговата приказна за гентрификацијата.

„Додека поминував низ улиците, забележав колку различни луѓе живеат заедно, традиционални и модерни барови, продавници за африкански, индиски, кинески или за јужноамерикански производи, уметнички галерии, театри и самостојни културни простори.“ – вели тој.





Според него, гентрификацијата совршено добро ги објаснува сите лоши страни на западното општество. Таа го уништува правото на пристојно домување, а крајниот резултат е тоа што ги прави богатите уште побогати, жртвувајќи ги економски и социјално најранливите категории луѓе. Според Рато, најлошото се состои во тоа што за да ја постигне ваквата цел, гентрификацијата се служи со позитивни вредности, какви што се мултикултурализмот и културата воопшто, како барањата за поголема сигурност и подобрувањето на градската инфраструктура. Сите тие подобрувања во квартовите не се однесуваат на тамошните жители, туку ќе им бидат од корист на оние што ќе се доселат откако првиве ќе бидат присилени да ги напуштат своите домови.

 
Фото: Андреа Рато (Еуропа), Andrea Rato (Europa)

Previous Post

„Домот на колибрито“ – Колку од блиските навистина ве познаваат?

Next Post

Кино на трева во МКЦ парк

Next Post

Кино на трева во МКЦ парк

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum