Новиот сингл на кичевскиот метал бенд „Inner Hate“ е „Vengeance will be mine“.
Моќен риф, енергичен ритам и мрачен вокал склопени во композиција која е олицетворение на духот на денешното општество.
Гневот, бесот, неправдата со која секојдневно се соочуваме претставени во еден уметнички аудио израз преку кој се твори истовремено за стравот и надежта, омразата и храброста, принципите и беззаконието, вечната борба помеѓу две тврдини, два фронта, доброто и лошото.
Синглот „Vengeance will be mine“ е во авторство на членовите од бендот: Горан Трајкоски (вокал и ритам гитара), Горазд Радески (гитара), Христијан Војнески (бас) Оливер Стојкоски (тапани).
Миксот и продукцијата на оваа композиција се на Христијан Ѓорѓиевски, а видео записот е дело на Montparnasse.
Inner Hate за кратко време ќе го издадат својот прв албум со наслов „Worthless throne“.