PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Како да бидеме продуктивни работејќи од дома?

popup by popup
април 16, 2020
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Иако мора да се каже дека оние што сакаат поредовно да вежбаат, се пофалија дека карантинот им помогна да постигнат поголем баланс меѓу животот и работата. Браво за нив 🙂 Во продолжение, неколку совети за отфрлање на дистракциите и опасностите што ги демнат домашните канцеларии 🙂
Домашната канцеларија нека биде понастрана од бучавата. Пронајдете го најтивкиот агол од домот, обојте го во зелено, ако сакате, бидејќи велат дека зелената боја била одлична за продуктивност. Просторот во кој работите треба да има прозорец. За да ви биде уште попријатно, поставете некое растение во близина за да има нешто смирувачко што повремено ќе ви ги одмора мислите.
Правете мали паузи бидејќи на мозокот му се потребни одвреме-навреме. Не е важно дали станува збор за книга, апликација со игра на телефонот или музички инструмент. Што и да е, нека ви биде во близина, но доволно далеку од постојан дофат, за да не паѓате во искушение да се забавувате, наместо да работите.

Треба да ви биде удобно, но не да ве тера на дремка. Самоизолацијата трае доволно долго за да размислите да инвестирате во убав канцелариски стол, кој ќе ви помогне да ја постигнете ергономски правилната позиција за седење на биро. Ако ви е непријатно да седите долго време, размислете за стоечко биро во еден од аглите од домот.
Дали ќе бидат јажиња, лесни тегчиња или степ машина, не е важно. Правете кратки паузи за вежби, кои ќе ви помогнат да се фокусирате и да се наполните со енергија за да го истуркате денот. Да не спомнуваме дека тоа е добро за вас, главата, грбот, рамената и колената ќе ви бидат благодарни.

Тешко е да се запомни, но ако се потрудите да го претворите во навика, може да ви биде многу подобро. Намалете го напрегањето на очите со правилото 20-20-20. На секои 20 минути, престанете да гледате во екранот. Гледајте во нешто што е пооддалечено 20 секунди и не го мрдајте погледот. Потоа продолжете со работа.
Направете листа на задачи што треба да ги исполните секој ден. И држете се до неа. Бидете сигурни дека сè што ви е потребно да ја завршите работата, го имате во домашната канцеларија или на компјутерот. Пречкртувајте ги извршените задачи од листата.

Без разлика дали е раздрдорениот сосед, пријател што ви доаѓа ненајавено или мајка ви што ви се јавува постојано, треба учтиво да им ставите до знаење дека не треба да ви пречат. Не одговарајте на телефон или не отворајте ја вратата, едноставно е. Штом ќе ги научите луѓето дека имате работно време во кое не сте достапни, нема потреба да им се извинувате. Ако сами не си ги поставите границите, никој нема да го направи тоа наместо вас.

Работите по маичка, боксерки, како било, што е важно? Немојте. Станете и подгответе се за уште еден работен ден, како да сте на работа. Нема потреба да ви го одвлекуваат вниманието, да изгубите чувство за време, па потоа да добивате паничен напад кога ќе треба да се јавите на конференциски повик. Плус, соодветната облека ќе направи да се чувствувате попрофесионално и да бидете попродуктивни. Сериозно, облечете се.

Previous Post

Поддршка за Италија: Питер Габриел во живо од Верона

Next Post

5 апликации за релаксација во периодот на изолација

Next Post

5 апликации за релаксација во периодот на изолација

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum