PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

5 апликации за релаксација во периодот на изолација

popup by popup
април 21, 2020
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Ако апликациите се начин да му кажете збогум на стресот од оваа ситуација, тогаш прочитајте ги предлозите за апликации кои нудат и бесплатни сесии или сетови специјално наменети за периодов.

Simple Habit
Simple Habit е петминутна апликација за медитација, која до крајот на април нуди бесплатно премиум членство, како и нова колекција на медитациски техники специјално наменети за намалување на стресот и вознемиреноста од коронавирусот. Кога повторно ќе можеме слободно да се движиме, оваа апликација ни овозможува да користиме медитациски сесии за цел одмор, од „Чекање на аеродром“ до „Штотуку слетавме“ и „Релаксација за време на одмор“ до „По одморот“.

Headspace
Headspace e една од најпопуларните апликации за медитација. Иако премиум членството не е бесплатно, оваа апликација нуди колекција на содржини наменети специјално за специфичната состојба на изолација, меѓу кои е „Надминување на бурата“, која е бесплатна за сите. Headspace опфаќа колекција медитации, совети за спиење и вежби, кои можат многу да помогнат без оглед на моменталната емоционална состојба. Авторите на апликацијата сметаат дека ова е мал начин да се помогне да се пронајде простор и внимание кон самиот себе и кон оние околу нас.

Breethe
Breethe нуди музика, природни звуци, приказни за добра ноќ, медитации, мастеркласови, сесии за хипнотерапија, како и други техники за намалување на стресот, за спиење и поголема смиреност и чувство на среќа. И оваа апликација нуди бесплатен пакет против вознемиреноста што ја донесе коронавирусот, кој ќе остане достапен до крајот на пандемијата. Основачите велат дека оваа апликација дава вистински решенија за вистински проблеми.

Colorfly
Ако медитацијата и релаксирачката музика не се за вас, Colorfly е бесплатна апликација што ќе ја намали напнатоста преку смирувачкото дејство на боењето. Стотиците илустрации што ги содржи апликацијата се движат од едноставни кон многу сложени, а постои и можност да прикачите ваши фотографии за боење. Повеќе студии имаат докажано дека боењето ја намалува вознемиреноста и ја зголемува концентрацијата. Па, зошто да не се обидете?

The Tapping Solution
The Tapping Solution app ја вклучува т.н. EFT Tapping техника, заснована на принципите на кинеската акупунктура и модерната психологија, со чија помош можете да се фокусирате на негативната емоција додека потчукнувате 5 или 7 пати по одредена точка од телото.
Во врска со пандемијата, основачката на апликацијата Џесика Ортнер вели дека ја земале предвид секоја релевантна медитација за она што ни се случува во моментот и ја направиле бесплатна. Таа забележува дека една од уникатните карактеристики на оваа апликација се состои во тоа што таа ја мери анксиозноста на корисникот пред и по техниката. Од 10.000 учесници, The Tapping Solution измериле просечно намалување на вознемиреноста од 49 проценти за 10 минути.

Previous Post

Како да бидеме продуктивни работејќи од дома?

Next Post

Филм за надежта со луѓе од 30 земји погодени од пандемијата

Next Post

Филм за надежта со луѓе од 30 земји погодени од пандемијата

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum