PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Поддршка за Италија: Питер Габриел во живо од Верона

popup by popup
април 14, 2020
in Музика
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Во своето обраќање по повод тековните настани во Италија, легендарниот уметник вели:

Заљубен сум во Италија веќе 50 години, во луѓето, културата, храната, историјата и од неодамна, во островот Сардинија. Италија ни понуди работа тогаш кога не можеше да се најде никаде, посебно во летата во седумдесеттите години секогаш можеа да се најдат свирки, а некои од нашите најдобри и најхаотични искуства на турнеите ги имавме кога се возевме низ оваа земја на брилијантните настапи, од дискотеките покрај море до фудбалските терени во планините.

И Genesis, и мојата музика, си пронајдоа прекрасна и страсна публика која заедно со нас пееше на концертите. Секогаш кога правев live албум, најпрво прашував дали може да го направам во Италија. Зборувам малку италијански, навистина лошо, но доволно добро за да ја чувствувам Италија како втор дом. Како семејство, навистина бевме многу погодени од вестите за големиот број жртви и пустошот што го донесе овој брутален вирус.

Пред десет години, ја замолив ќерка ми Ана да го сними шоуто што планиравме да го направиме со оркестарот во Арената во Верона, место кое е извонредно за вакви настапи. Иако тогаш заздравував од една настинка и не можев да пеам како што сакав, Ана и Ендрју Гастон, како одличен тим, се потрудија да ја забележат оваа посебна ноќ.

Снимките што ги направи Ана не се видени од широката публика. Сега, многумина од нас се дома во изолација, па затоа сакавме да ги направиме достапни за сите, на Real World Vimeo каналот, со молба да придонесете за собирање средства за борба против вирусот за следниве организации:

Civil Protection Department
Italian Red Cross

‘Scratch My Back’ се фокусира на песните од албумот кои ја прават првата половина од концертот, измешани со сегменти од интервју со Питер и некои од оригиналните композитори кои зборуваат за интерпретациите на албумот. Се работи за фасцинантен поглед во изборот на песните и реакциите на тие песни од артисти како Дејвид Брн, Ренду Њуман, Гај Гарви и др.

‘Taking The Pulse’ го опфаќа вториот дел од концертот, во кој може да слушнат оркестарски аранжмани на авторските песни на Питер. Во тој период, публиката ги слушала за првпат, а подоцна тие се нашле на албумот ‘New Blood’.

Previous Post

Викингур Олафсон: Музиката може да нѐ однесе на едно подобро место

Next Post

Како да бидеме продуктивни работејќи од дома?

Next Post

Како да бидеме продуктивни работејќи од дома?

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum