PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Југословенски брутализам и танц во првиот спот на Katerinha

popup by popup
март 19, 2020
in Музика
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Таа интензивно го истражува својот звук и стил како автор и изведувач преку своите искуства како басисткa, диџејкa, гитаристкa и пејачка. Во моментов работи на финалната продукција на нејзиниот краток деби албум, чии песни ќе бидат објавени како синглови во текот на 2020 година.
Првата песна од деби албумот е Trippin, песната за која конечно излегува видео записот кој Katerinha го најави на почетокот од годината.

„Trippin“ почнува како нежна љубовна песна и постепено се развива во игрив самба ритам. Инструменталот е стилска мешавина на аналогни синтисајзери и перкусии, изведени од унгарскиот џез-вундеркинд Àbáse и дуото jazzbois. Бајковитото пеење на Катериња е испреплетено низ нејзината нежна поезија, прославувајќи го слаткото чувство на заљубување.

Видеото за „Trippin“ е снимено на пет различни локации во Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Локациите од спотот се футуристички југословенски споменици изградени во бруталистички стил, во чест на партизанскиот отпор против нацистите и други окупатори.

Видеото зборува за визијата на Katerinha – да комбинира музички стилови (r’n’b/соул со латино и џез) во сценографија што досега не била во центарот на вниманието за уметниците од соул / поп-сцената. По тој повод, Katerinha ги покани француските современи танчери Егзосе Касонго и Астан Маер (со потекло од Конго и Мали) да изведат кореографија инспирирана од Западнo-Африкански, Crump и Body Expression стилови на танц.

Оригиналната идеја за сценографијата и сценариото е на режисерката Милена Виитман, која се потпиша и на спотот на Фолтин за песната “Ми се води љубов”. Снимањето на видеото е независна продукција на Katerinha, без спонзорство и со драга поддршка од нејзините пријатели и семејство.

Целосно снимено на една камера, исклучиво со природно светло и без дополнителна опрема, ова видео спојува неколку видови уметност. Естетиката на сите елементи – музиката, природата, танчерите и архитектурата создаваат задоволство за сите љубители на убавината и предизвикува љубопитност за овие заборавени места.

Previous Post

Неколку забавни причини да се #СедиДома

Next Post

Како да имаш забавен викенд дома: Show must go on!

Next Post

Како да имаш забавен викенд дома: Show must go on!

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum