Серии и книги веќе ти предложивме. Миј раце, #СедиДома, држи се на растојание од други луѓе кога навистина мора да излезеш, дезинфицирај го мобилниот, вежбај, одржувај ментална хигиена и разгледај ги овие забавни активности што ти ги издвоивме со големо задоволство 🙂 Се разбира, после сè, опушти се со пиво 🙂
Уживај во филм, филм, филм…
Отсекаде стигнуваат информации за филмови што ќе можат бесплатно да се погледнат, а ние сме особено радосни на овие 1.150 класици, инди, нуар, вестерн, документарни филмови на Open Culture. На линкот ќе најдете и специјални колекции со оскаровски филмови, како и филмови на Андреј Тарковски.
И Меѓународниот фестивал за документарен филм во Амстердам (IDFA) го отвори својот трезор, па така на овој линк можете да погледнете извонреден избор од неговата колекција. Наша препорака: „Trapped in the City of a Thousand Mountains“ од David Verbeek 🙂
Доку-изолација спроведува и volimdokumentarce.net, со голем број врвни достигнувања од документаристиката, кои можат да се гледаат потполно бесплатно. Тука е и нашиот „Медена земја“.
Ако сте љубители на кратки филмови, IndiWire објави листа на 15 краткометражни остварувања, кои може да ги стримате од оскаровски режисери како Андреа Арнолд, Таика Ваитити, Начо Виголанте. Тука е и „Doodlebug“ на Кристофер Нолан.
Гледај ги онлајн претставите на МНТ и Театар Комедија
За оние на кои им недостигаат „штиците што живот значат“, МНТ објави дека неколку претстави ќе може да се погледнат онлајн на нивниот Јутјуб-канал, а онлајн репертоарот изгледа вака:
18 март – „Сомнително лице“,
19 март – „Изгубени Германци“,
20 март – „Парите се отепувачка“,
23 март – „Да тргнеме Сењор“,
и 24 март – „Мајсторот и Маргарита“
И Театар Комедија исто така ѝ се приклучи на оваа иницијатива, а репертоарот е следен:
Музицирај по дома
Самоизолацијата знае да биде досадна, но Moog и Korg имаат решение. Двете компании за синтисајзери ги пуштија бесплатно нивните синт-апликации за ограничен период. Minimoog Model D iOS app и iKaossilator iOS and Android се сега достапни за беспари.
Moog го опиша ваквиот чин како „подарок за ширење позитивност, креативност и слободно изразување. Момент да се успори, да се цени внатрешната сила и да се искуси силната моќ на звукот“. Убаво кажано 🙂
Оди во музеј од комфорот на твојот кауч
Google Arts & Culture се здружи со повеќе од 2.500 музеи и галерии низ целиот свет за да овозможи витуелни тури и посета на онлајн изложби во најславните светски музеи. Колекцијата ги вклучува Британскиот музеј во Лондон, Ван Гог во Амстердам и Гугенхајм во Њујорк, како и уште стотици други места каде што можеш да си ги прошириш знаењата за уметноста, историјата и науката. Оваа колекција е посебно корисна за студенти и ученици, кои во моментов пропуштаат настава.
Ние штотуку бевме во MoMA. Ти каде сакаш? 🙂