PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Изложбата „Девојка наречена работа“ на македонските уметници Драгана Заревска и Ѓорѓи Десподов се отвора во Брно

PopUp by PopUp
мај 29, 2024
in Уметност
0
Изложбата „Девојка наречена работа“ на македонските уметници Драгана Заревска и Ѓорѓи Десподов се отвора во Брно
425
СПОДЕЛУВАЊА
2.5k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Македонските уметници Драгана Заревска и Ѓорѓи Десподов на 3-ти јуни ја отвараат својата соло изложба “A Girl Named Work” (“Девојка наречена Работа”) во галерија Цејла во Брно, Чешка. Изложбата прикажува долгорочна соработка помеѓу двајцата уметници, а инсталацијата е изработена во периодот помеѓу март 2023 и мај 2024 и претставува трилогија базирана на три поеми од Заревска – “Кралица на Нешто”, “Маргарет” и “Иднината на работата”.

Посетителите се поканети во атмосфера на контрадикторност – постчовечки пејзаж и една кралица која пробува да се снајде во него без да се вознемирува премногу од истиот. Делото е отворена дискусија за работата, идентитетот, отпорот, и што значи да се биде жена на крајот на светот. Покрај ова, афирмативно се обраќа и на жените (но не само нив) кои протестираат преку одмор, безгрижност, пишување поезија и преку ослободување од вина додека светот се топи под жегата на секојдневното зло.

Изложбата ќе трае до 18.07.2024, а поддржана е од галерија Цејла и факултетот за ликовни уметности при техничкиот универзитет во Брно.

Previous Post

Рап, РнБ и техно квир ренесанса во Скопје: MYKKI BLANCO, DZIPSII и Ивана Драгшиќ го отвораат Викендот на гордоста 2024 🌟

Next Post

Годишнина и четврто издание на „Спознавање“!

Next Post
Годишнина и четврто издание на „Спознавање“!

Годишнина и четврто издание на „Спознавање“!

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum