PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Излезе Folded од Зоран Шекеров, издание на PrivatePrint

popup by popup
декември 23, 2020
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Книгата содржи фотографии направени во периодот од 2019 до 2020 година, за време на неколку пеливански натпревари. Приказната на книгата го следи целиот боречки ритуал на оваа традиција, додека, попатно се исцртува продлабочена анализа на група на млади пеливани.

„Мојата одлука со фотоапаратот да скокнам од публиката кон пеливаните на ливадата, ја создаде оваа книга во која се содржат трите главни стадиуми на борбата: подготовките, борбениот ритуал и чистењето на телото, преставени низ фотографии со блиски и асиметрични композиции и Bare-Bulb Flash. Целта да пристапам со таков метод на работа беше да го издвојам пеливанот од традиционалната слика и да го сместам во една артифициелна, каде што неговото тело наизглед е неприродно инкорпорирано во просторот. Така, е доловен токму моментот кога пеливанската борба се превиткува во скулптурални форми кои ги создаваат борачите.“ – вели авторот.


Зоран Шекеров (1992, Скопје, С. Македонија) е фотограф кој живее и работи во Скопје, С. Македонија. Дипломира на катедрата по фотографија при Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“, Скопје. Работи на долгорочни документарни фотографски истражувања кои се соочуваат со човечката состојба во даден општествено-политички контекст, како и со прашањата за идентитетот, патриотизмот, носталгијата. Особено е битен односот што го гради со фотографираните ликови, којшто на специфичен, интроспективен и интуитивен начин се чита и во приказните раскажани од неговите фотографии. Шекеров ги изложувал своите фотографии на самостојни и групни изложби во С. Македонија и интернационално.

Previous Post

„Уште една тура“ – Младоста е сон

Next Post

„Подароци“ – самостојна изложба на Марко Илиевски

Next Post

„Подароци“ - самостојна изложба на Марко Илиевски

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum