PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Исланд: Земја на оган и лед (галерија)

popup by popup
јули 17, 2019
in Universes
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Се смета дека денешните исландски коњи се уникатни бидејќи се директни потомци на коњите на викинзите, кои тие ги донеле при преселбата од Континентална Европа.



Исланд ги има поставено и основите на парламентаризмот во Европа. Имено, во 930 година се оформил првиот Парламент во денешниот национален парк „Тингвелир“ (Þingvellir). Оттогаш, ова место е под заштита на УНЕСКО како светско наследство поради својата културна, историска и географска значајност.


Во Исланд може да се види едно од двете ретки места на планетата каде што се среќаваат две тектонски плочи над Земјината површина. Се работи за северноамериканската и евроазиската плоча, кои секоја година се разделуваат за два сантиметри. Исланд е и мошне активна земја на геолошки план. Има повеќе од 125 вулкански планини, од кои неколку се активни, а други, пак, лесно можат да се разбудат и да се активираат. На островот се случува вулканска ерупција на речиси секои четири години.







Поради ваквата постојана активност, Исланд е прекриен со полиња со лава. Како контраст на тоа, голем дел од земјата е прекриен со глечери. Сè што не било допрено од стихијата на магмата и на земјотресите е прекриено со лед. Затоа исландските пејзажи се толку ретки и единствени.




И не е точно дека на Исланд не растат дрвја. 😊 Кога пристигнале, викинзите ги исекле речиси сите дрвја во земјата. Оттогаш има повторни обиди да се посади шума, но може да се забележи дека тоа некако оди тешко. И покрај тоа, Исланд е една од најеколошките земји во светот. Бидејќи земјата е „жива“ поради вулканската активност, во голема мера ја користи хидро и геотермалната енергија. На Исланд многу малку се употребуваат фосилни горива, а повеќето домови користат геотермални води што се испумпуваат од под градовите и селата.




Исланд е една од ретките земји во светот што нема „Мекдоналдс“. Тоа е веројатно и единствената сличност со Македонија (ха-ха). На Исланд може да се пробаат кит, сува риба, ферментирана ајкула, глава од овца, па и маринирани тестиси од овен. Bon appetit! 😊

Педесет проценти од Исланѓаните веруваат во постоењето на фантастични суштества како елфови и тролови. Има голем број приказни и легенди за нив, а Исланѓаните одат толку далеку со тие верувања што одложуваат и градежни проекти ако се верува дека ќе се гради на место каде што живеат елфови. На островот се верува дека паднатите карпи по полињата се смрзнати тролови и дека мирисот на Исланд не е од сулфурот, туку од смрдливата вода во која се капеле троловите. 😊



Бидејќи се наоѓа близу до Арктичкиот круг, островот се одликува со долги зимски и долги летни ноќи – 24 часа мрак/самрак во декември и 24 часа светлина во јуни. Затоа на Исланд може да се видат и поларната светлина и полноќното сонце.


фотографии: Ратко Додевски

Previous Post

Режисериште#7: Педро Алмодовар

Next Post

Јозеф Куделка: Потрага по слободата

Next Post

Јозеф Куделка: Потрага по слободата

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum