PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Ирина Тошева: Обојување на умот со колекцијата „EUNOIA“

popup by popup
јуни 20, 2019
in Интервјуа
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Ирина Тошева ќе изјави: „Земи ја четката и обој го умот“. Што точно го „боеше“ умот на дизајнерката во процесот на креирање на колекцијата „EUNOIA“?

Подготвувајќи ја новата летна колекција инспирирана од сликарството, на ум ми беше да ја претставам есенцијалната улога на уметноста за внатрешната благосостојба на секоја индивидуа. Поточно, мирот и слободата што ги чувствуваме откако ќе се пренесат емоциите на парче хартија или на платно.

Колку време ти беше потребно да ја создадеш колекцијата „EUNOIA“, од идеја до реализација?

Во споредба со претходните, изработката на колекцијата „EUNOIA“ траеше значително подолго, делумно и поради низата проекти на кои работев паралелно со нејзиното создавање. Идејата за темата потекнува од декември минатата година, кога започнав да го истражувам влијанието на уметноста врз менталното здравје и арт-терапиите. Потоа следуваше потрагата по идеалните материјали, па проучување на процесот на плисирање и на крајот финалната реализација на парчињата.

Зошто баш уметничко ателје, која беше инспирацијата за ваков амбиент?

Моите колекции се секогаш поврзани со одредена приказна, која подоцна ја раскажувам и преку едиторијалот што со креативниот тим го изготвуваме за нивна презентација. Бидејќи главна инспирација овој пат ми беше ликовната уметност, а како лајтмотив е пресликана и на дезените на парчињата, со фотографката Александра Костадиновска се согласивме дека ателјето е „најприроден“ амбиент за оживување на креациите. Во улогата на игрива девојка што со четката в раце и боите ги искажува најдлабоките емоции, вешто се снајде манекенката Фројла Брестовци. За шминката беше задолжен Виктор Мирчевски, за фризурата Дарко Петковски од „Hairhouse“, а чевлите беа од marwell.mk.

Каде можат да се најдат парчињата од твојата последна колекција и за какви девојки се тие наменети?

Парчињата од колекцијата се „обоени“ во пастелни нијанси, а изработени од лесни и плисирани материјали.

Сите љубителки на нежните бои, слободните и лелеави кроеви може да ме посетат во моето ателје и одблизу да ги погледнат и да ги пробаат.


Фотографии: Александра Костадиновска

Previous Post

„Портрет на градот”: Изложба на фотографии на Денис Јагџи

Next Post

œuvre#4 – Казимир Малевич

Next Post

œuvre#4 – Казимир Малевич

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum