Иако Пеки Пеле се труди да биде мистериозен и не го открива својот вистински идентитет. Меѓу редови, во неговата биографија се навестува дека се работи за личност со фина смисла за хумор и човек што слуша широк спектар на музика. Сам за себе вели дека во стилот на својата домашна продукција комбинира танцувачки поп со панк-естетика, поради кој не го прифаќаат ниту поперите, ниту панкерите, а ние пак веруваме дека скопската публика широкоградо ќе го прифати овој талентиран млад музичар, кој во својот музички израз длабоко навлегува во synth pop/new wave сензибилитетот на 80-тите години од минатиот век.
Пеки Пеле настапува како дуо во живо и со нетрпение го очекуваме за првпат во нашиот град, каде што се приклучува на досега најавените Viagra Boys, Noga Erez, Blackstate, Belgrado, ИСКРА, Shortparis и Murman Tsuladze. 26-27 август во МКЦ парк. Билетите по цена од 800 денари (важат за двата фестивалски денови) се достапни на билетарница МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.