Листата од 200 избрани објекти, опфаќа комерцијални, станбени и културни проекти, вклучувајќи го и големиот изложбен центар на кинеската култура под отворено небо во Ланжу, како и планот за зачувување на најстарата зграда во Абу Даби, тврдината Каср Ал Хосн. Во кинескиот приморски град Сања, пак, претставениот зелен парк е обновен по три децении загадување и индустриски развој.
Но, на фестивалот им беше дадено признание и на помали зафати. На пример, тука е новиот музеј на луксузниот производител на часовници Аудемар Пиге што се издигнува како чудесна спирала, а на иранското крајбрежје, на островот Хормуз може да се најдат туристички објекти со шарени куполи кои имаат за цел да ги поврзат посетителите со локалната заедница.
Со оглед на тоа што минатогодишните WAF награди беа откажани поради пандемијата со коронавирусот, оваа година во потесниот список се прикажани архитектонски проекти завршени на глобално ниво помеѓу 2019 и 2021 година. Победниците на фестивалот ќе бидат објавени во декември, кога повеќе од 100 судии ќе се соберат во Лисабон, Португалија, за да ги изберат победниците во индивидуални категории, а еден од проектите ќе ја добие и престижната награда за Светска зграда на годината.