Одличната вест е тоа што можете да учествувате во фестивалот додека сте удобно наместени во вашата дневна соба. Гледајте го стримингот во живо од Crossing Border Headquarters. Некои настани ќе бидат пренесувани во живо од преубавиот Theater aan het Spui.
Зошто сите се согласуваат со концептот на онлајн пренесување на фестивалот? Затоа што преку пренесувањето на фестивалот на интернет, можете да уживате во ексклузивните перформанси секој ден, плус да го следите фантастичниот лајнап на холандски и на интернационални автори, музичари, поети и spoken word артисти.
Уште подобро е тоа што додека сте онлајн, можете да уживате од каде било. На овогодишниот фестивал ќе има повеќе од 50 перформанси. Целосната програма е поделена на две категории: артисти и уметници.
Меѓународниот лајнап го сочинуваат Антонио Скурати, Мануел Вилас, Хода Баракат и Мишел Кристи. Италијанскиот професор по литература, колумнист и автор Антонио Скурати, ќе го има главното место во недела вечер. Можеби сте расположени да гледате онлајн интервју во живо со надежниот автор Пол Мендез, чиј роман привлече огромно влијание во Англија? Или, пак, да уживате во разговорот со еден од најпочитуваните британски поети, Робин Робертсон?
На фестивалот ќе бидат присутни големи имиња од книжевната сцена, почнувајќи од најетаблираните до талентираните дебитанти. Сите разговори ќе бидат во живо, па дури и гледачите ќе можат да ги прашуваат авторите за сето она што ги интересира.
Доколку сте заинтересирани само за музика, нема да бидете разочарани. Доаѓаат светските бендови Keeley Forsyth, Anna B Savage and Kassa Overall со ексклузивни перформанси, во кои ќе можете да уживате додека сте во пижами.
Ќе има и еден разговор што никако не смеете да го пропуштите: онлајн интервјуто со Џени Бет и Џони Хостајл (Savages) за нивната неодамна објавена еротска колекција приказни C.A.L.M.: Crimes Against Love Memories. Иако Crossing Border Festival ќе биде виртуелен, сепак најдобро е да се регистрирате за вашите омилени настани за да не ги пропуштите. Само одберете ги деновите за кои сте заинтересирани. Процесот на регистрација ќе ви даде пристап до сите артисти што се застапени тој ден. Исто така, ќе добиете и директен линк до стримот во живо, повеќе информации, последните новини, па и потсетник за денот на настанот – чисто за да не заборавите.
Crossing Border Festival годинава е 100 отсто бесплатен. Затоа, упатете се на неговиот вебсајт и регистрирајте се за настаните.