PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Групна „ИЗЛОЖБА“ на Ана Трајковска, Душан Стефановски, Ивана Секулоска и Јован Јосифовски

popup by popup
април 14, 2021
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Уметниците ќе ги презентираат своите дела, кои отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност. Низ различни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилски концепти ќе претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле.

Во современиот глобален пандемиски тоталитарен контекст, во таа сеопшта изолација/виртуализација, на човештвото му се заканува прифаќањето на тоталната реализација на абнормалноста, која преку испланираниот еуфемистички општествен термин е промовирана како „нова нормалност“. Во ваквиот програмиран социјален инженеринг, покрај разнородните ограничени човечки активности, се одвиваат и секултурните презентации. Преку инструментализацијата на „технолошкото варварство што го трпиме, ни донесе поништување на сите искуства посредувани од сетилата, како и губење на погледот, кој сега е засекогаш заробен внатре во морничавиот екран“ (Џ. Агамбен).

Ана Трајковска

Во ваквиот актуелен контекст, група млади македонски графичари (Ана Трајковска, Ивана Секулоска, Јован Јосифовски и Душан Стефановски), ќе ги презентираат своите дела, кои отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност. Низ различни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилски концепти ќе претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле.

Душан Стефановски

Преку индивидуалните експериментирања со графичкиот печат и неговото втиснување во и врз различните материјали (епоксидна смола, линолеумски отпад, гипс, желатинска фолија, лесонит, тул, хартија итн.) авторите помалку или повеќе, ќе успеат да ги допрат граничните подрачја и ќе ги прелеат и слеат во други ликовни медиуми во коишто непосредно можат да се препознаат карактеристиките на проширеното поле на графичката уметност.

Ивана Секулоска

Дел од петтемина автори, користејќи  ги традиционалните методи на техничката изведба (но и своевидното рециклирање на графичкиот отпад), со нивниот индивидуален пристап всушност ќе ја манифестираат флуидноста на графичкиот медиум и прелевањето во интермедијалноста, која морфолошки ќе се артикулира во скулптурата, модниот дизајн, висечката инсталација, колажите и графитите. Иако концепциски и стилски меѓусебно се сосема диференцирани, сепак дифузната графичка линија на целата изложба го претставува оној заеднички именител, кој го означува примарниот интерактивен елемент, со кој авторите ќе го воспостават внатрешното дијалогизирање помеѓу делата, кои поединечно ги артикулираат различните поетички наративи: еколошките, социополитичките, феминистичките и културолошките. Тие ќе бидат артикулирани низ презентирањето на двострано испечатениот, т. е. транспарентноста на античкиот скулпторски портрет на Ана Трајковска, како и транспарентноста на модниот дизајн на Ивана Секулоска; фрагментирањето и спојувањето на деловите во целоста на исклучителните критички колажи на Јован Јосифовски, и трансферирањето на уличната уметност во галериски простор на Душан Стефановски, така што во сите дела на авторите може да се забележат автентичните индивидуални дискурси.

Јован Јосифовски

Иако нецелосната виртуелна рецепција на делата од потписникот на овој текст се чини сомнителна, сепак се надеваме дека нема да биде големо промашувањето од менталното проектирање до реалното презентирање на делата. Исто така се надеваме дека оваа изложба нема да биде единствена од ваков вид и дека во иднина на авторите ќе имаат уште поголем предизвик за натамошно истражување и исчекорување од класичната графичка уметност.
Конча Пиркоска

Изложбата ќе биде отворена до 24 април.

Previous Post

Поглед во малиот јапонски хотел-кутија

Next Post

„Манк“ – Гери Олдмен блеска во обидот на Дејвид Финчер за црно-бел класик

Next Post

„Манк“ - Гери Олдмен блеска во обидот на Дејвид Финчер за црно-бел класик

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum