Така, Futura стекна огромно влијание врз младинската култура преку соработките со култни брендови какви што се NIKE, Levi’s, Vans, Hennessey, Medicom Toys, паралелно создавајќи си и сопствен бренд наречен Futura Laboratories. Во изминативе 40 години, Futura постојано ги поместува границите на уличната уметност. Тој ја подотвори вратата за нова форма на креативност, поплочувајќи го патот за, веројатно, едно од најважните уметнички движења на минатиот век. Инспирирајќи нови поколенија на улични уметници, Futura се претвори во вистинска американска легенда и икона на уличната уметност во целиот свет. Во оваа статија разгледуваме и неколку соработки и дела на познатиот уметник.
Под името Ласко проект, Palais de Tokyo во Париз прерасна во еден од најголемите и најлибералните урбани и улични уметнички изложбени простори во Европа, задржувајќи ја институционалната важност и откривајќи ги новите таленти од меѓународната сцена. За своето 3-то издание, седум креативци биле поканети да ги дадат своите урбани и уметнички визии во Palais de Tokyo. Куратор бил Уго Витрани, а во седумтемина креативци влегоа и две одлични имиња од уличната уметност, Vhils и Futura. Учествувајќи во проектот Ласко, Futura го отвора дијалогот со штотуку пристигнатите уметници на графити сцената, кои денеска ги делат истите идеали со него.
Изложбата во галеријата „Магда Даниш“ ги прикажува постграфитите и современата уметност на Futura, во кои геометриските апстрактни форми ја замениле „ознаката“ во неговото дело, додека тој започнал да се фокусира на бојата и на композицијата. Критичарите забележуваат дека Futura може да се гледа како следбеник на некои од најистакнатите апстрактни експресионистички идеи, а има и нешто од Полок во начинот на кој се приближува до платното. Неговите бои се спојуваат и се топат едни во други, додека композицијата е избалансирана со линии, аголни или тркалезни фигури и дезени, сите со спреј боја, со зачудувачка виртуозност.
Futura го дизајнираше официјалниот постер за Светскиот куп за машка национална репрезентација на САД, како и limited edition предмети поврзани со тимот. Неговиот препознатлив визуелен израз го следеше американскиот национален фудбалски тим на пат кон Бразил во 2014, а славниот уметник создаде и уште неколку дела во живо.
Футура имаше соработка и со LEWDS, но таа беше повеќе на инспиративно ниво, бидејќи уметникот ги предаде своите дизајни, дела и предлози и му препушти на модниот тим да ги претопи во модните парчиња од колекцијата Crooks & Castles.