Концертот ќе се случува во киното „Фросина“ во скопскиот Младински културен центар со почеток од 21 часот.
„Foolish Green“ е проект зад кој стои Ненад Стефановски Брус, алтернативен музичар од Скопје, познат по својата работа како продуцент на „Green Out“, „Легијата“, „Против сите“ и др. За потсетување, на 15 март 2013 година, бендот го издаде својот деби албум “Escape” кој беше проследен со два распродадени промотивни концерти во Скопје. Шест години подоцна, тие го претставија спотот за „Soul Revival“, песна од следниот албум на бендот. Спотот за оваа песна е монтиран од Драган Спасов, и содржи видео-материјали од филмот „The Outrageous Baron Munchausen“ (1962) на Карел Земан.
Настанот ќе биде одржан согласно Ковид мерките и протоколите за заштита во затворени објекти.