Филмскиот викенд ќе започне на 18 јули (четврток) во 21 часот со жестоката феминистичка приказна раскажана од Теона Стругар Митевска – „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.
Веќе следната вечер, 19 јули (петок) со почеток од 21:30 часот на големото платно во Градски парк – Школка ќе биде прикажан првиот долгометражен филм на Вардан Тозија – „ЏГАН“.