„Социјално растојание“ е колективен поглед на глобалниот живот за време на Ковид-19, и вклучува десетици луѓе, од 93-годишна жена од Малезија, до 19-годишна Словенка, од 30 најпогодени земји низ светот.
Филмот е режиран од Иван Кеш и Џејкоб Џонас, и е составен од клипови со луѓе кои ги претставуваат навиките за миење раце, нивните фрижидери со храна, како и емотивни пораки за нивните грижи. Во него ќе погледнете и како танцуваат на музиката што ја изведуваат неколку музичари од дома. И покрај загрижувачкиот тон, оваа компилација на клипови изненадувачки влева надеж.