Неодамна невладината организација на родители и пријатели на деца кои се излечиле или во моментов се лечат од малигни болести „Сано“ ги отвори вратите на Родителската куќа каде што бесплатно ќе можат да престојуваат родители и деца кои моментално се лекуваат од ваква болест на Детската клиника, а не живеат во Скопје. За таа цел им се потребни уште средства, па затоа на 1 март со почеток од 21 часот, во Денсинг салата на МКЦ ќе се одржи забава на која учествуваат Скопски Грув, Techtum и Pirka Avh. На истото место ќе можат да се купат и специјално дизајнирани маички од Ox Streetwear. Целиот настан се организира со цел собраниот приход од купените влезници и маички да ја потпомогне работата на родителската куќа и здружението „Сано“.
Билетите можат да се купат на билетарницата на МКЦ или овде.