Нејзините дела ја слават земјата и го покоруваат наративот на постојаните борби и маки што странците ѝ го наметнуваат на Етиопија.
„Медиумите се еднострани и не ја прикажуваат целосната слика. Таа слика секогаш се базира на егзотичноста или на сензацијата на некоја приказна“, вели Аида. „Не велам дека сè e совршено на континентов, но исто така не е ниту сè лошо.“
Нејзината колекција од 2014 „The 99 Series“ ја фрла светлината врз потемните наративи на минатото што уште постојат кај етиопискиот народ, и покрај желбата да се гледа напред кон иднината.
Потоа ја прави серијата „The Wolf You Feed“, студија за внатрешните и надворешните битки со кои се соочуваат сите човечки суштества.
Неодамна, таа ја заврши „The World Is 9“, студија за несовршеноста на универзумот и на прашањето дали можеме да ја достигнеме среќата и покрај (или поради) таа несовршеност.
„Постои една универзалност што се обидувам да ја вметнам во мојата работа на начин што нема да се однесува на нашата географска локација, расата или целото човештво. Сите се на некој начин маскирани со сопствената реалност или зона на удобност. Мислам дека треба да го прекинеме нашето незнаење за она што се случува низ светот и да видиме дека има многу повеќе нешта што не соединуваат отколку што нè прават различни. Јас само го истражувам тоа на еден визуелен начин“, вели Аида.