Изложбата „Celebrate Life/Емоции за еден град“ на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде поставена на 18 јануари 2019 година во галеријата Акантус во Дебар Маало со почеток во 20 часот.
Изложбата опфаќа илустрации кои што се цртани во периодот од 2014 до 2017 година. Секоја од нив посебно е карактер кој пренесува по некоја мисла за надеж и повторно оживување на самиот град, како и што претставува градот за луѓето и како тие би го подобриле во иднина. Илустрациите се инспирирани од реални ситуации од секојдневието и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички кое во изминатите десет години е од два до четирипати повисоко од граничните вредности пропишани од ЕУ за квалитет на воздухот. Загадениот воздух е токму темата која што ќе ја обработува изложбата, а истата е инспирација и за новата капсулна колекција на дуксери која што ќе биде промовирана во рамки на изложбата. Проектот „Емоции за еден град“ е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.
Изложбата ќе биде отворена до 29 јануари 2019 година.