„ДВИЖЕЊЕ” е настан организиран од локалниот бренд Unknown Movement и неколку пријатели. Започна како идеја пред неколку месеци и неговата главна цел е да ги промени стандардите на локалниот ноќен живот, да ги разбие стереотипите околу локалната музичка сцена и да им даде шанса на младите да уживаат во ноќните излегувања без непотизам, резервации и скапи пијалоци.
„ДВИЖЕЊЕ“ го промовира новиот бран на електронска музика што ни го привлече вниманието минатата година, дозволувајќи му на секој изведувач да ги прошири маргините и да промовира различен поджанр со својот сет, додека тимот работи зад сцената, снимајќи ги сите DJ сетови и потоа дистрибуирајќи ги истите на сите социјални мрежи за оние кои сакаат повторно да ги доживеат.
До сега, „ДВИЖЕЊЕ“ зад себе има 2 поголеми настани во Дом на Млади – Штип, на кои гостувале вкупно околу 500 луѓе. „ДВИЖЕЊЕ“ ќе продолжи со растење и исполнување на своите цели и има амбиции да остави траен белег и промени не само на локално, туку и на глобално ниво.
Оваа сабота, „ДВИЖЕЊЕ“ го организира својот трет поголем настан, на истата локација – Дом на млади Штип со почеток од 21ч.
Дизајн на постер: @dj_nixar

