PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Дневна доза мазохизам“ – нова претстава на здружението Пресврт

popup by popup
јуни 23, 2021
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Ликовите во претставата ги толкуваат младите Дарко Ристовски, Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Јанка Лефкова и Ава Хусеини, како и веќе докажаните и фантастични Амернис Нокшиќи, Димитрија Доксевски и Ѓорѓи Јолевски. Сценографијата на претставата е на Мартин Манев, костимографијата на Ирина Тошева, додека пак кореографијата на Наталија Теодосиева. Продуцент на претставата е Петар Антевски.

Истражувајќи ја опсесијата како генетски код врз кој се создаваат односите меѓу луѓето и опседнатоста како пракса што се артикулира во секојдневието, новиот театарски проект на Пресврт, „Дневна доза мазохизам“ го разложува човековиот емотивен распад преку конфликтот што се наоѓа во обичните ситуации. Заслепени од виртуелниот идеал, луѓето често се наоѓаат на крстопатот помеѓу тоа што е и тоа што посакуваат да биде, како што му се случува и на Тома, чие несовпаѓање со светот длабоко се истакнува преку неговата привлечност кон младата „инфлуенсерка“ Софија, која пак се бори со сопствениот наметнат калап на своите обожаватели.

Во соработка со организацијата „Ла Култура Нуова“ од Прато, Италија, режисерот Лука Кортина за претставата вели: „Театарот е интимно поврзан со суштината на бидување човек на оваа планета. Постоењето и враќањето на театарот е еднакво со постоењето и живеењето на човековиот род. Претставата за која имавме среќа и се изборивме да ја направиме е во суштина приказна за нас, луѓето, кои се прашуваме дали сакаме или не сакаме да живееме. Одговорот на животот треба да биде љубовта“.

Драмата на Вукелиќ „Дневна доза мазохизам“ за првпат ќе биде поставена не само во Македонија, туку на 24 јуни ја доживува и својата светска премиера. Праизведбата на овој драмски текст во нашата земја означува сериозен чекор во развојот на соработката помеѓу младите театарски работници од регионот и Европа.

„Праизведбата на мојот текст „Дневна доза мазохизам“ во МКЦ е од големо значење за мене како автор, а верувам и за Пресврт, кој со овој проект отвора интресен простор на независната сцена и ги поврзува уметниците на интелектуално ниво, истражувајќи нови изрази и естетики. Се надевам дека оваа пракса ќе продолжи и во иднина. Од перспектива на хрватска авторка сметам дека ни се потребни не само праизведби на современи текстови, туку и соработка со уметници од овие простори со кои делиме доволно сличности за да се испреплетат темите што нè засегаат, а и доволно различни за да учиме едни од други“- вели Дина Вукелиќ.


ПРЕСВРТ е театарска група, која дејствува во доменот нa независната, вонинституционална театарска продукција, како и во доменот на театарската едукација. Идејата за вакво здружување на неколкумина млади артисти, активни во повеќе уметнички сфери (театар, танц, фотографија, книжевност), се развиваше цела година до нејзиното конечно формирање и јавно истапување на 23 октомври 2019. Пресврт, воедно претставува и платформа за вмрежување на студенти и театарски уметници од независната, вонинституционална домашна и меѓународна сцена.
Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и oнлајн преку bileti.mkc.mk

Previous Post

Марија Апчевска-Петровска: Сакам да создавам дела чија порака не е црно-бела

Next Post

5 нешта што ќе го обележат Канскиот филмски фестивал 2021

Next Post

5 нешта што ќе го обележат Канскиот филмски фестивал 2021

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum