DJ Pfund 500 е гостин на новата Thursday Shake забава во клуб Epicentar. Тој е новото име кое доаѓа во Скопје оваа година, по повод 15 години постоење на SureShotz Entertainment.
DJ Pfund 500 ја започнува својата кариера како диџеј во 1998 година, и до ден денес работи со максимална посветеност. Овој швајцарски диџеј има резиденции во сите по големи градови во својата земја, а за свои омилени клубови ги смета TapTab во Шафхаузен, Jumpoff во Базел и Silk Mascotte во Цирих. Во изминатава деценија постојано настапува и надвор од Швајцарија, со редовни гостувања во Чешка, Русија, Германија, Франција, Англија и Косово. За себе вели дека сè уште е музички фан, и затоа неговите сетови се богати со повеќе стилови. Заедно со неговиот партнер DJ Sweap имаат издадено неколку mixtape-ови, а во последно време соработуваат со германските рапери Sido, Harris и Marteria.
Едно е сигурно. И после 21 година работа, фокусот на DJ Pfund 500 и понатаму останува макотрпната работа и добрата забава.