На 11 октомври во 19 часот во JazZy ќе се одржи завршната забава од диџејската работилница „Жени зад пултот” организирана од Тиииит! Инк. во рамки на фестивалот Прво па женско.
На отворениот повик на Тиииит!Инк. се пријавија повеќе жени и девојки, а беа селектирани 10 девојки кои имаа можност да ги развијат своите диџејски способности и присуствуваа на предавањата во КСП Центар Јадро и во Котур. Ментори на работилницата беа искуските диџеи Дијана Дијана Димитриевска a.k.a DIAH и Бојан Јанев а.к.а. Soul Case.
Во среда, 11 октомври во 19 часот во JazZy, ќе се случи завршната журка, дел од работилницата, на која ќе настапат 8 од избраните учеснички: Baby G, Electra, DJ Cile, Ex_Urbe, IMANYAM, Jinx, triptowhere и Jana.
Работилницата за диџејство е организирана во рамки на фестивалот за промоција на феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.
ППЖ11 е поддржан од Embassy of Sweden, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, Sigrid Rausing Trust и Министерство за култура.