PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Џузепе Сатријани: Осаменоста и/или самотијата во фотографијата

popup by popup
мај 11, 2021
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Оваа суштинска емотивна разлика помеѓу двата вида осаменост не се рефлектира на јазиците од латинско потекло во кои имаме единствен збор поврзан со осаменоста. Овој факт значително придонел луѓето да го поврзуваат зборот осаменост само со негативното значење.
Ако на претходното набљудување го додадеме и фактот дека во денешно време, ако не сте во можност да ги пополните сите временски периоди со некакви активности или дружење, лесно е да паднете во стапица на осаменичкото, незабележано и маргинализирано чувство.

Осаменоста како негативна појава има уште еден степен во својата суштина, а тоа е кога иако сме во друштво, сепак се чувствуваме сами. Тоа е таа „пандемиска“ употреба на „друштво“ во кое дружењето се претставува како исклучително, спектакуларно, успешно и забавно, наместо како нешто што нè прави среќни. Сето ова лесно создава нездрав дуализам, па дури и биполаризам помеѓу прикажаното и она што навистина се чувствува. Постојат и многу други видови на несакана, но наметната осаменост: осаменоста на сиромашните, на дискриминираните, на социјално невидливите, на маргинализираните, на возрасните…

За разлика од сè што е поврзано со зборот осаменост, постои и самотијата како момент на одделноста, паузата, тишината, мислата. Често се наметнува потребата од потрага по внатрешни простори за проширување на тишината. Потребата од тишина и од празни места одговара на потребата за контакт со тоа што сме.
За да се постигне ова, треба да се вежба бавност и мисла; ние мора да дадеме вредност на издржливоста на нештата и на чувствата; мора да го прифатиме текот на времето и неговата работа врз луѓето и работите; ние мора да се потопиме во природата со почит; мора да ѝ се восхитуваме на убавината присутна во мали нешта или настани; мора да бидеме храбри до степен да ги признаеме своите граници и кревкост. Сето ова ќе ни овозможи да се чувствуваме добро со самите себе, да бидеме емпатични кон другите.

Сатријани вели: Понекогаш сериозно мислам дека фотографирам за да вежбам самотија, како средство што ми овозможува да избегам од бучавата и да се засолнам во тишина.
На пример, кога ќе излезам да фотографирам пејзаж. Изгрејсонцата со своите тишини скршени од звуците на животот што се буди, подредувањето на времето и на движењата за да може да бидете подготвени да направите што е можно подобра фотографија во соодветно време и со сите технички елементи, небото на зајдисонцата што секогаш прави изненадувања сè додека не исчезне последната трага на светлината, ноќта со нејзините одрази и тивки светла. Сето ова е самотија што може да се впие, далеку од каква било негативност.

Друг момент на голема и длабока самотија е кога ќе се потопам во микро и во макро светот. Јас обично практикувам ваков тип фотографија во моето студио, честопати во темница, во тишина. Обично користам предмети од растителниот свет барајќи: симетрии, хармонии, предели, паралели и метафори.

Друг начин за вежбање самотија е кога ќе застанам пред компјутерот за постобработка. Ова е навистина интензивен момент затоа што е поврзан со постојано донесување одлуки, чија основа секако бара техника, но водена од креативност, искуство, вкус и инспирација. Треба да одлучите што да откриете и што да оставите во сенка; како да се намали; како да се „игра“ со боите… Сите тие се моменти од длабоко значење, на кои е подобро да им пристапите со мудроста на осаменоста.

Previous Post

Најдобрите 3Д отпечатени објекти низ светот

Next Post

„Песна без наслов“ – Ода за украдените деца на Перу

Next Post

„Песна без наслов“ – Ода за украдените деца на Перу

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum