Секое дело има единствена фокална светло-жолта точка која го претставува изгревот или залезот на сонцето, иако има и такви на коишто осветлувањето им доаѓа од други објекти, на пример, воз што наближува. Андерсон ги балансира природното и вештачкото со внесување на инфраструктурни елементи – бродови, возови, згради – што изгледаат смалени и далечни. Кариерата на Андерсон започнала со реставрација на витражи во катедрали. Тој вели дека аспектите на сложувалка со кои се среќавал на витражите, понатаму го обликувале неговиот сликарски стил.