„Дали ова е живо?“ е албум снимен во живо, на 14.12.2023 во Дали Апартментс, Скопје. Како дел од двегодишниот каталог на Vagina Corporation, се појавува и ова дело кое ги надминува границите на нормален мултимедиски проект, претставувајќи еден удар кон нормалните пристапи и еден обид да се пробие низ завесата на конвенционалното музичко творештво. Музичкиот аудио-албум и 50-минутниот филм претставуваат еден манифест на новиот бран на македонска музика, и повик на бендот кон денсфлорот, каде што ушните тапанчиња ќе бидат прободени со остри гитарски тонови и брз-краут-американа-психоделичен рок по кој е препознатлив бендот.
„Корпорација Вагина“ се состојат од Лука Јовановски вокал, гитара), Филип Павловски (гитара, ефекти, вокал), Борјан Гаговски (бас) и Дарио Циевски (тапани). Гостински пејачи на албумот се Мартин Џорлев, Добрила Грашеска и Бојана Мицеска.
Албумот е снимен е од Ивица Јанкуловски – Штраф и Раде Биковски, кој е задолжен и миксот и мастерот.
Видеото беше режирано и монтирано од Андреј Богатиноски, а за кинематографијата беше задолжен Горан Попоски. Сценариото беше напишано од „Вагина“ и другарите, а за продукција и менаџмент беше одговорна Надица Банишка.
Видеото е достапно на YouTube, а музиката на Bandcamp и Spotify.
Фотографии: Андреј Богатиноски
Дизајн на омотот на албумот: Ана Попоска – Април