PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Brotfabrik: Нов живот за едно напуштено место

popup by popup
септември 25, 2019
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Оваа зграда „закотвена“ во 1891 г. на Absberggasse 35, во Виена, успеа да ги преживее сите „ветрови, бури и бранови“ на времето. Основана од браќата Мендел, фабриката е проект на архитектот Фридрих Шон и претставува типична градба на индустриски објект за тоа време, со челична конструкција и фасада од тули. Од своето основање, набрзо прераснува во најголем производител на пекарски производи во Европа, а во 1907 година станува официјален доставувач на леб за кралскиот двор.

За време на Првата светска војна одигрува важна улога во снабдувањето со храна на армијата и народот, а во 1923 година компанијата добива највисоко признание за исклучителни заслуги за развој на економијата во Републиката. Поради еврејското потекло на основачите, фабриката како објект во 1938 година подлежи на процесот на аризација, а претрпува и оштетувања за време на Втората светска војна.

По нејзиното повторно враќање во рацете на основачите, следуваат економски проблеми и станува предмет на повеќе сопствеништва, за најпосле најстариот дел од неа да осамне како напуштено место. Во 2009 година, Валтер Азмус, инвеститор чијашто компанија изведува санирање и пренамена на индустриски објекти, го спасува историскиот дел од фабриката од уривање.



Со откупување дванаесет објекти, на површина од 17.000 метри квадратни, тој е иницијатор за нејзино повторно оживување во културен простор, притоа зачувувајќи го автентичниот изглед на објектите, кои спаѓаат во заштитено наследство.




Денес Brotfabrik функционира како културен центар, кој се состои од мултифункционални хали, галерии, ателјеа, студија, центри за едукација, канцеларии и ресторани и претставува дом на современата уметност во градот.

Анна
Фотографии: Brotfabrik

Previous Post

Добре дојдовте во Холивуд, ве очекува луда забава и Тарантинова класика! [рецензија]

Next Post

„Налепница“ е едно од најпријатните снимања што сум ги имал

Next Post

„Налепница“ е едно од најпријатните снимања што сум ги имал

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum