Секогаш прво исплати се себе.
Кога ќе ти стигне платата, веднаш исплати си себеси 10% од твојата вкупна месечна заработувачка, без исклучок. Овој износ префрли го на сметка за штедење, која нема НИКОГАШ да ја чепкаш. Барем додека не научиш да инвестираш, а тоа доаѓа малку подоцна.
Ги плаќаме нашите соработници, плаќаме сметки, мораме да се плаќаме и себеси бидејќи на тој начин си покажуваме дека го цениме сопствениот труд вложен во заработувањето на тие пари.
Живеј под твојот стандард.
Ова не значи дека нема да се забавуваш, дека нема никогаш повторно да јадеш надвор од дома или да одиш на кино. Едноставно значи дека нема да купуваш работи што не можеш да си ги дозволиш. Едноставно е.
Кога ќе заработиме сума што е над нашата просечна месечна заработувачка, решаваме да се „почестиме“. Или доколку почнеме повеќе да заработуваме, почнуваме повеќе да трошиме. Одолејте му на овој инстинкт.
Не мешајте ги неопходните трошоци и вашите желби.
Наместо да се обидувате да решите одреден проблем со земање заем, зошто не се обидете да видите како можете да заработите екстра? Не чепкајте ја заштедата. Кога некој трошок е неопходен, обидете се да најдете начин да го платите без да се задолжите и без да си ја трошите заштедата.
Инвестирај во своите вештини.
Почнуваме да се движиме во правец на инвестирање. Еден вид инвестирање е образование. Секогаш труди се да совладаш дел од вештините што се потребни за заработувачка во тој момент. На пример, во моментов можеш да учиш дигитални вештини во речиси кој било домен. Никогаш не престанувај да учиш!
Исплати си ги долговите.
Доколку ги имаш, најбрзиот начин да ги исплатиш долговите е да живееш со 70% од твојата заработувачка, да заштедиш 10% бидејќи тоа е најважно и 20% да дадеш на отплаќање на твоите долгови. И така секогаш кога ќе добиеш плата.
Важно е да ги исплаќаме долговите бидејќи тие ни носат многу главоболки и анксиозност. Доколку сакаш, можеш да научиш и како да работиш со долгови во своја полза, нешто што исто така спаѓа во областа на инвестициите.
Укини ги твоите навики на одолжување.
Ова не е директно поврзано со пари, но доколку сакаш да заработуваш, не можеш да одолжуваш. Ова е нешто со што сите се соочуваме постојано, но мораш да најдеш нешто што навистина многу, многу, многу, многу, многу го сакаш и да работиш на тоа. Не дозволувај ништо да ти се испречи на патот.
Ако ти годи, обиди се да следиш рутина. Во рутината нема време за одолжување.
Направи парите да работат за тебе.
Многу е важно да имаш контрола над твоите средства. Тоа значи дека нема да очекуваш твојата плата или пензиски фонд да те издржуваат. Научи ги неопходните вештини за да направиш парите да работат за тебе.
Во рамките на твоето работно време, истражи што сѐ можеш да направиш за да си ги зголемиш примањата. Обиди се да замислиш што сѐ ти е потребно за да создадеш пасивен приход и да „заработуваш додека спиеш“.
Можеби ти звучи невозможно, но не е. Потребна е посветеност и многу труд, креативност и упорност.
Создај ја сопствената среќа и работи паметно.
Среќата е многу важна компонента во стратегијата за зголемување на твојот приход, но таа не е нешто мистично што им се случува само на другите луѓе.
Среќа = вредна работа + можности. Секогаш кога имаш можност за која одговараат твоите вештини, зграпчи ја! Погрижи се да имаш беспрекорна работна етика и да бидеш доверлива личност. Ако работиш вредно и паметно, можностите ќе се појавуваат една по друга.
Опкружи се со истомисленици.
Некои луѓе околу тебе веројатно доживеале голема загуба, или на некој друг начин имале несреќен однос со финансиите. Тоа им се случува на многумина, по што тие се откажуваат од обидите да заработат.
Затоа е опасно да слушаш совети за заработувачка, дури и овие. Мора да направиш сопствено истражување.
Имај на ум дека многу од луѓето околу тебе веројатно ќе ти кажуваат дека е невозможно. Мораш да ги најдеш оние што, како тебе, веруваат дека е можно доколку фокусирано и посветено работиш да го создадеш тоа за себе.