PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

5 места како од филм на Вес Андерсон

popup by popup
ноември 4, 2020
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Како пример можеме да го земеме филмот „The Grand Budapest Hotel“, за кој доби Златен глобус и Оскар во 2014 година. Во најголем дел е снимен во Германија, главно во Гарлиц и во други делови на Саксонија. Во овој филм, Андерсон ги обезбеди најневообичаените локации за снимање за да го пресоздаде мистицизмот од 60-тите години на минатиот век преку приказната за напуштениот хотел во Република Зубровка. За таа цел ја користи стоковната куќа во Гарлиц како една од главните локации за снимање.

За неговиот визуелен стил, популарниот режисер ќе рече:

„Обично кога снимам филм, она што прво го имам предвид за визуелните содржини, е како можеме да ги поставиме сцените за да ги оживееме на најинтересен начин, и потоа како да направиме свет за приказната во кој публиката не била порано. Имам свој начин како снимам и како ги поставувам и дизајнирам сетовите. Имаше моменти кога мислев дека треба да го сменам мојот пристап, но всушност, ова е она што сакам да го правам. Тоа е мојот режисерски ракопис. И попатно, мислам дека ја донесов одлуката: ќе пишувам со свој ракопис.“

Бидејќи ги навикна на невообичаени визуелни искуства со своите филмови, фановите доста често и сами предлагаат локации ширум светот, кои би можеле да му послужат како инспирација за создавање на нов „филмски свет“ за нова приказна. Еве неколку од нив:

Pfunds Molkerei – Дрезден, Германија
Некогаш важела за најубавата млечна продавница на светот. Потекнува од 19 век и се наоѓа во германскиот град Дрезден. Во 1998 година била вклучена и во Гинисовата книга на рекорди. Основана е во 1880 година од Пол Густав Леандер Фунд, целата е во рачно изработени керамички плочки Villeroy & Boch.

Húsavík – Исланд
Во Húsavík, град во општината Норјуринг на северниот брег на Исланд, во заливот Скјлфанди, е сместена градбата што целосно одговара на стилот на Вес Андерсон. Ова е слика од светилник, поставена од корисник на Reddit. Многумина се збуниле и мислеле да ја сликал и ја поставил самиот режисер.

Sketch, Лондон
Розовата соба во Sketch во Лондон е дело на Дејвид Шригли, така што соработката меѓу Вес Андерсон и овој британски визуелен артист е сосема возможна во иднина. Инаку, Sketch важи за особено популарен ресторан во изминативе години.

Credit: Ed Reeve

Cinema Fulgor, Италијa
Ова е всушност киното во кое Федерико Фелини го изгледал својот прв филм. Неодамна било реновирано, така што со новиот изглед му се враќа старата слава. Првпат бил отворен во 1914 година, а главната сала е дизајнирана од Данте Ферети, кој се има закитено со три Оскари за својата работа во областа на филмот.

Сала за состаноци во Северна Корејa
Звучи смешно, но и ова е идеална локација за снимање сцени од филм на Вес Андерсон. Малку се знае за оваа сала поради ограничениот пристап до информации од оваа земја, но изгледа како да е позајмена од фантазијата на Андерсон.

Previous Post

„Релапс“: Самостојна изложба на Иван Ивановски

Next Post

Ева Камчевска: Се надевам дека уметноста ќе биде ударна вест на ТВ-дневникот

Next Post

Ева Камчевска: Се надевам дека уметноста ќе биде ударна вест на ТВ-дневникот

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum