PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„4 пати слобода“ – групна изложба во МКЦ

popup by popup
октомври 14, 2020
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Станува збор за Јана Јакимовска, Шќипе Мехмети, Снежана Мелник и Ала Хвастунова; првата е Македонка од Скопје; втората, Албанка од Кичево; третата, Украинка од Брјанка; четвртата, Русинка од Јарослав. Различни во својата визуелно-медиумска експресивност и начин на пренесување на мислата, но единствени во ставот дека борбата за феминистичките права, за еднаквоста, за слободата на сите жени, за свесноста за својата телесност, еротичност, табуата.

Дали сè уште живееме во свет во кој патријархатот е доминанта? Дали женската еманципација или општествената партиципација е сè уште предмет на интерес? Дали ако зборуваме за „женска“ уметност покажуваме сè уште несигурност кон теренот на уметноста, чија рамноправност е и понатаму дискутабилна? Можеме ли отворено да зборуваме за тело, голотија, слобода на одлучување, право на абортус, развод, домашно насилство, физички изглед, задоволства, влакна, менструални циклуси итн? За жал, регионот сѐ уште страда од табуизирања, од генерализирања, стигматизирања, заткулисност. Патиме од одбележувања, социјална нелагодност, жртвувања. Фактот дека за овие проблематики треба постојано да се зборува, истите да се третираат во разновидни форми и медиуми, со цел да бидат видливи, достапни, разбирливи и постојано да ја поттикнуваат отворената дебата за важноста на жената и нејзината улога во општеството е една од фундаменталните причина за изложбата „4 пати слобода“.

Самиот наслов на изложбата зборува за слободата како универзално право на секоја индивидуа, а тоа што зборуваме во случајот за женска слобода уште повеќе го потврдува длабокиот порив за женската потврда и себеидентификација на дадената тема. Вирџинија Вулф вели: „Заклучи ги и сите библиотеки ако сакаш, но залудно, не постои ниту порта, ниту клучалка, ниту катанец, кој може да застане на слободата на мојата мисла“.

Previous Post

5 предлог-серии за оваа есен

Next Post

Љиља Прентовиќ: Енергијата на човекот прави фотографијата да зрачи

Next Post

Љиља Прентовиќ: Енергијата на човекот прави фотографијата да зрачи

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum