PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

20 работи кои ги научив во првата година од фитнес

Месецов се навршува една година откако почнав да вежбам фитнес. Што научив како аматер во овој спорт?

PopUp by PopUp
февруари 25, 2023
in Спорт
0
20 работи кои ги научив во првата година од фитнес
415
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter
  1. Фитнесот не е за секого, и тоа е во ред. Исто како и со другите работи во животот, со фитнесот мора да си „кликнеш“ односно твојот темперамент да одговара на спортот.
  2. Разликата меѓу оние што вежбаат и имаат резултати и оние што се откажуваат, не е во мотивацијата туку во дисциплината.
  3. Времето ти е пријател: за да сфатиш каков тип е твоето тело, што му одговара, а што не, кои вежби да ги практикуваш, кои да ги отфрлиш, и секако – за да постигнеш видливи резултати.
  4. Физичките промени не се клучни. Потребно е почувствуваш придобивки тука (*покажува во главата) и тука (*покажува на срцето), дури потоа the rest will follow.
  5. Храната е клучна. Консултирај се со професионалец или истражи на интернет од веродостојни извори.
  6. You are going to suffer FOREVER, and you are going to like it!
  7. Луѓето што вежбаат со тебе не ти се пријатели, тоа се луѓе што случајно се нашле таму. Остани фокусиран.
  8. Фитнесот е спорт во кој сам себеси си најголем предизвик (и непријател). Секој ден се победуваш себеси.
  9. Затоа, наградувај се за успехот – споделувај прогрес на СМ доколку чувствуваш потреба од тоа. Не дозволувај малициозните коментари да те гаслајтаат.
  10. Голем дел од времето, луѓето што не вежбаат, ќе те прогласуваат за опседнат со вежбање. Не грижи се, секогаш е така кога некој со страст зборува за нештата што ги сака.
  11. Понеделник попладне е најлош ден во теретана!
  12. Внимавај на повреди и води сметка вежбите да ги извршуваш правилно и целосно концентрирано!
  13. Облекувај се соодветно!
  14. Деновите за одмор се еднакво важни како и активните денови. Слушај си го телото.
  15. Твојот социјален живот може да страда. Добро менаџирај го времето и постави приоритети.
  16. Во ситуациите кога јадев „нездрава“ храна, ниту еднаш не почувствував грижа на совест.
  17. Биди спремен и на споредни животни промени, јас, на пример, ги откажав цигарите. Live what you preach!
  18. Немаш обврска да регрутираш вежбачи, но доколку имаш можност макар една личност да инспирираш да почне да вежба – направи го тоа!
  19. И за крај, верувај ми, телото ќе ти благодари за секоја минута фитнес, и не само тоа – кожата, косата, ноктите, психата, заморот, концентрацијата, ставот и самодовербата ќе ти бидат на врвно ниво.
  20. Keep going, start today!

Симона Јованоска

Previous Post

Влатко Стефановски – Работите се онолку вредни колку што енергија и време ќе вложиш во нив

Next Post

Како се подготвуваат оброците од вашите омилени филмови и серии?

Next Post
Како се подготвуваат оброците од вашите омилени филмови и серии?

Како се подготвуваат оброците од вашите омилени филмови и серии?

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum