PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Звездана Новаковиќ и нејзините „Вештерки“ издадоа албум

Словенечката музичарка Звездана Новаковиќ и нејзиниот хор „Čaralice“ го издадоа својот истоимен албум.

PopUp by PopUp
јануари 13, 2023
in Музика
0
Звездана Новаковиќ и нејзините „Вештерки“ издадоа албум
406
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

На бадниковата вечер во Цанкарјев дом во Љубљана се промовираше албумот „Čaralice“ на словенечката авторка Звездана Новаковиќ и нејзините хористки.

Создавањето на овој албум е резултат на истражувањето што Новаковиќ го направила низ документацијата за словенските пагани што живееле во Словенија, нивните обичаи, молитви, магии и сѐ што го сочинувал нивниот однос кон природата.

Во брошурата што го придружува албумот пишува: „За помалку од еден век, човекот придонесе кон уништувањето на многу видови и ја доведе Земјата на работ од еколошка катастрофа. Ние живееме на Земјата, но се чини дека не ја слушаме! Нашите предци мудро учествувале во нејзиниот животен циклус, поврзувајќи се со него низ песни и обичаи.“

Една од песните на албумот е молитва за Дажбог, словенски бог на сонцето, дождот и на подземниот свет. Тој е бог што дава живот (топлина и влага). Ова е една од двете песни од овој албум што во моментов се достапни онлајн и која ја отсликува мисијата на неговата авторка:

„Проектот ‘Čaralice’ е во чест на словенечките пагани, кои ја почитувале природата и живееле со неа. Овие песни отсликуваат свет во кој човештвото е понизно кон своето место во универзумот, изразувајќи ја својата одговорност кон неговото постоење низ зборови и дела.“

Засега албумот можете само да го нарачате преку директен контакт со авторката преку социјалните мрежи, но се надеваме дека наскоро ќе можете да го чуете на стриминг-платформите или во живо (стискаме палци!).

Previous Post

HÖR на неделата

Next Post

Магичниот, секси свет на Александра Кача

Next Post
Магичниот, секси свет на Александра Кача

Магичниот, секси свет на Александра Кача

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum