PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Жан Мишел Баскија: Јас не сум вистинска личност. Јас сум легенда.

popup by popup
јануари 31, 2019
in Уметност
0
402
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Татко му го избркал од дома кога го напуштил училиштето на 17-годишна возраст. Преживеал продавајќи маици и картички со неговите цртежи и преспивајќи кај пријатели, пиејќи евтино црвено вино и јадејќи чипс.

8 години. Толку му требале на Жан Мишел Баскија да стане „културен месија“ во уметничкиот свет, започнувајќи нова ера на незапамтена артистичка импресија и редефинирајќи ја њујоршката култура во осумдесеттите.

За првпат, вниманието на јавноста го привлекол со графити-тагот SAMO (same old shit), заедничко дело со Ал Диаз од нивните средношколски денови. Тагот се појавувал на згради низ Менхетн и Бруклин меѓу 1977 и 1980. „Требаше да биде лого, како Пепси“, изјавил Баскија подоцна кога ја завршиле соработката со неколку тагови кои гласеле „SAMO is dead“.

Круната – заштитниот артистички мотив на Баскија се претворил во вистински предизвик за историјата на западната уметност. Им ставал круна на афроамерикански спортисти, музичари и писатели, давајќи им статус на кралеви, па дури и на светци, на овие историски обесправени уметници и индивидуи. Круната на Жан Мишел Баскија има три врвови, за неговите три кралски лози: поетската, музичката и боксерската.

Во 1980 се појавил во спотот за песната „Rapture“ на Блонди. Токму пејачката Деби Хари и нејзиното момче Крис Стајн ја купиле првата слика на Баскија за само 200 долари. Заедно со Џулијан Шнабел, Кени Скарф и Франческо Клементе, Баскија се смета за една од водечките фигури на неоекспресионизмот, движење што на површина повторно го изнесе приматот на човечката фигура во современата уметност. Во 1982, на возраст од 25 години, Жан Мишел Баскија станува најмладиот артист што изложувал на Документа во Касел, Германија.

Во 1981 се запознал со долгогодишниот пријател и ментор Енди Вархол, со кого соработувал на серија слики што ги измешале графити-виртуозноста на Баскијат и поп-артот на Вархол.

Факт е дека Жан Мишел Баскија ја воодушевил њујоршката сцена со својата преобразба од непознат графити-артист во меѓународно признат неоекспресионист. Неговите слики со примитивен но комплексен изглед пленат со богатството од бои и контроверзни фрази. Во текот на својата кратка кариера, Жан Мишел Баскија постигнал повеќе отколку она што некои други артисти можеле само да го сонуваат. Бил див, земал сè што му нудел животот и сè што му нудела уметноста. Во последните две години од животот, како да знаел што ќе му се случи. „Јас не сум вистинска личност. Јас сум легенда“ – велел. Починал во 1988 од предозираност со хероин. Неговата последна слика се вика „Јавање на смртта“ (Riding with Death).

Previous Post

„Рим“ на Алфонсо Куарон – искрен поглед во сопственото детство

Next Post

Дали сакаме да живееме во иднината или удобно ни е минатото?

Next Post

Дали сакаме да живееме во иднината или удобно ни е минатото?

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum