Shortparis се на добар пат да добијат меѓународно признание со тоа што веќе ги најавуваат како „најдобриот руски чин во живо“. Доаѓаат од Русија, Санкт Петербург, предводени од харизматичниот фронтмен Николај Комиагин. Бендот продолжува да гради репутација со нивните неверојатни ритуалистички настапи и темни, електронски звучни сцени, заедно со спазмичен танц, кои се спојуваат со пост-панк, експериментална бучава и акустичен шансон за да се формира нивната музичка естетика, која е единствена. Настапувајќи на руски, француски и англиски јазик, Shortparis се приближуваат сѐ поблиску до пригоден саундтрак за нивното секојдневие, звук што го отсликува Санкт Петербург како што беше и сѐ уште е.
Нивните музички спотови се доста интензивни, како на пример придружните визуелни содржини во „Страшно“. Текстовите ја отсликуваат моменталната состојба на вознемиреност, додека визуелните материјали се обидуваат да откријат еден вид постојана хистерија. Од бендот раскажувааат дека само неколку часа по снимањето во училиштето, некој повика полиција за можни терористички активности: „Нашето музичко видео се обидува да ја манифестира состојбата на некој дел од нашата генерација. Таа е провокативна и се однесува на некои социјални трагедии, кои не се рефлектираат во нашата визуелна култура. Табуата и стравовите се отвораат: без оглед што е напишано со арапски букви, „љубов“ или „пријателство“, тоа мора да биде тероризам, ќелавите глави мора да значат нацисти итн. Но, по целата оваа игра со значења, останува само вознемиреноста и таа расте.“
Andy Butler, најпознат по проектот Hercules and Love Affair е предвесник на електронската музичка сцена уште од самите почетоци на HALA и нивниот деби-албум објавен за издавачката куќа DFA. Неговата релевантност и способност да ги предвиди новите движења во електронската музика се евидентни, особено со последното EP со наслов „Change“.
Во последните 25 години, Andy е познат по неговиот еклектичен, интуитивен и крајно персонализиран пристап кон миксањето и селекцијата на музика. Неговиот звук е разнолик и рефлектира кон Hercules and Love Affair, но црпи и од бројните ремикси со артисти како Roisin Muprhy, Chromeo итн. Неговата посветеност кон музиката секогаш одела паралелно со неговата фасцинација од слободата, која ја носи диско-хедонизмот.
Без разлика дали неговиот настап е на хаус-подиумот на Panorama Bar или настапува во Block 9 на Glastonbury, Andy има моќ да ја пренесе публиката низ седум мориња и седум океани.
Со сигурност публиката ќе го препознае по неверојатниот хит BLIND со неприкосновениот глас на прекрасната изведувачка Anohni.
Оформен во 2010 година, со седиште во Барселона, БЕЛГРАДО постои како иновативен предводник на глобалната пост-панк сцена. Сега, влегувајќи во нивната 11-та година, квартетот продолжува да настапува дома и во странство, носејќи ја со себе репутацијата изградена од трите албуми и импресивна кариера со многу турнеи што ги однесе до сите агли на земјината топка.
Проникнувајќи од „DIY“ алтернативната сцена на Барселона, Белградо првично тргуваше со стилска мешавина од пост-панк што може да се пронајде во Европа во раните 80-ти. По објавувањето на нивното деби LP (2011), бендот започна со богат распоред на турнеи низ Европа и Северна Америка. Како група напредуваа на нивниот втор албум Siglo XXI (2013) кајшто звукот стана појасен, елегантно вметнувајќи постуден елемент – рационализирање, за на крајот да бидат забележани како вистински фаворити на жанрот. Но, може да се тврди дека нивниот последен LP, Образ (2016), навистина демонстрираше за што е способен бендот. Софистициран, но сепак достапен, различен од нивниот претходен материјал, но сепак автентичниот звук на Белградо.
Музички, бендот е подеднаков збир на нивните четири различни делови. Тапаните задржуваат експресивен квалитет што го придвижува бендот напред како ритмички мотор во погонски танц. Над перкусиите, мазни бас-линии го диктираат хармоничниот јазик на песните, додека гитарата одекнува со текстуални мотиви високо над остатокот од музиката. На отворен простор помеѓу гитарата и басот, гласот (отпеан на мајчин полски јазик), често ритмички и повторувачки, па затишје во состојба слична на транс.
Со тоа, ја заокружуваме и целосната програма на 11-тото издание на ЗДРАВО МЛАДИ закажан за 27 август, на кој ќе настапи најсвежиот руски звук Shortparis, миленикот на скопската публика Hercules & Love Affair или Andy Butler, грувот на векот концентриран во Murman Tsuladze, белградските KOIKOI, домашните Iskra и Blackstate, шпанските постпанкери Belgrado, мистичниот романтик Peki Pele, најтазе бендот од македонската алтернативна сцена Lufthansa и единствениот Ирец од македонската дијаспора DJ FITZ.
Информации за останатите изведувачи можете да најдете на www.zdravomladi.com