
Од 21 до 25 ноември ќе се одржи Skopje Design Week 2018, во рамките на чија програма, како и секоја година, фокусот ќе биде ставен на одредена земја чии глобални новини во полето на дизајнот треба да стимулираат креативна размена со потесното подрачје на овој регион. Земја во фокусот за 2018 година е Германија. Од 2011 па сè до денеска идејата зад овој интернационален фестивал останува иста – да се поттикне одржливиот развој во дизајнот и иновативноста преку создавање на платформа која ќе служи за експериментирање, промоција, вмрежување и хоризонтална и вертикална соработка.
Во склоп на Skopje Design Week, во Lux и Public Room ќе можеме да уживаме во амбициозниот микс на иновативни дисциплини кои ќе ги претстават и спојат последните достигнувања во дизајнот на производи, модата, накитот, музиката, гастрономијата и бизнисот.

На Skopje Design Week 2018 нè очекуваат изложби, професионални и детски работилници, презентации, кулинарски разговори (во комбинација со еко-активизам), но и најновата категорија наречена Factory Visit чија цел е да им ги приближи производителите на мебел од Македонија на странските дизајнери. Стандардно, ќе можеме да уживаме и во музичкиот дел преку настапите на: Constantin V, Mark Funk, Bojana Vunturisevic, Ux, Lollobrigida, Soul Case, ZAA, Emi Ermilova.
Целосната програма на осмото издание на Skopje Design Week можете да ја погледнете овде.

