PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Синедејс“ ги додели фестивалските награди

popup by popup
ноември 19, 2018
in Филм
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Со прогласувањето на наградените филмови и премиерата на филмот „Еј!“ на Васил Христов, во киното „Милениум“, вчеравечер беше затворен 17-тиот Меѓународен фестивал за европски филм „Синедејс“ (Cinedays).

Со задоволство ја спуштаме завесата на годинешниов „Синедејс“, за првпат како фестивал со акредитација од Меѓународната федерација на асоцијации на филмски продуценти (FIAPF), со која застануваме рамо до рамо со големите фестивали во Кан, Берлин, Сан Себастијан, Венеција и Торонто. FIAPF во „Синедејс“ препозна фестивал што има одлична селекција на филмови, квалитетни програми, полни киносали, како и фестивалска атмосфера со која се приближуваме на европскиот филмски шмек. Или во бројки, 17-тото издание го погледнаа повеќе од 18.000 гледачи, имавме 200 странски гости, а вестите за фестивалот покрај домашните новинари ги пренесуваа и десетина акредитирани новинари од регионот. Со вечерашното завршување на фестивалот, почнуваат подготовките за идното полнолетно издание на „Синедејс“, кое ќе ја задржи тенденцијата да носи новитети на домашниот филмски пазар – изјави Русе Арсов, директор на Младинскиот културен центар.

Самa на мојата свадба – Марта Бергман (Белгија)

Во официјалната селекција, наградата „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби „Самa на мојата свадба“од Марта Бергман од Белгија. Наградата „Сребрена ѕвезда“ за најдобра режија беше доделена за филмот „Кога дрвјата паѓаат“ во режија на Марисја Никитиук од Украина. Наградата  „Сина ѕвезда“ за најдобро сценарио ја доби Стефан Лукас, сценарист и режисер на филмот  „Полицајци“ од Австрија. Специјално признание доби филмот „Ана преку ден“ на Андреа Хауриета од Шпанија.

Кога дрвјата паѓаат – Марисја Никитиук (Украина)

Во селекцијата СинеБалкан, наградата „Златно сонце“ за најдобар филм ја доби филмот „Брак“ во режија на Блерта Зекири од Косово. Специјално признание му беше доделено на филмот „Мрзливец“ во режија на Алекса Стефан Радуловиќ, Црна Гора.

Брак – Блерта Зекири (Косово)
Полицајци – Стефан Лукас (Австрија)

Наградата за Најдобра филмска критика ѝ припадна на Вероника Камчевска за рецензијата на филмот „Не допирај ме“ од Адина Пинтилие. Награда за Најдобар студентски филм доби филмот „Возење. Поема за татко ми“, во режија на Ирена Гатеј од Универзитетот Нова Горица, Словенија. Наградата „Young Cinema Award“ од жирито на Џифони филм фестивал ја доби филмот „Арада“, на Му Тунч од Турција.

Previous Post

Започнува Skopje Design Week 2018

Next Post

Марко Ољача: Изложувам дизајн и среќа

Next Post

Марко Ољача: Изложувам дизајн и среќа

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum