PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Занаду“: Веруваме во заедништво, а не во догми

PopUp by PopUp
јануари 30, 2023
in Музика
1
„Занаду“: Веруваме во заедништво, а не во догми

Фотографија: Зденко Петровски

428
СПОДЕЛУВАЊА
2.5k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Музиката на „Занаду“ не можете да ја вброите во одреден жанр, па затоа најбезбедно е да се каже дека претставува убав сегмент од живописниот мозаик со нови имиња и звуци што во моментов е македонската алтернативна музичка сцена. Вокалот и гитарист Карло Јовановски, басистот Андреј Крстевски, тапанарот Иван Богдановски и гитаристот Марко Атанасов нашле одличен начин да ги спојат своите посебни музички светови и да ни донесат една сонична свежина, која најмногу се чувствува на нивниот неодамна промовиран деби-албум „Соништа“. На 4 февруари, „Занаду“ ќе ги слушаме на 11. издание на фестивалот за независна музика „Земјотрес“ во МКЦ, па непосредно пред настапот го направивме овој разговор.

Речиси секаде потенцирате дека како бенд не верувате во жанровски ограничувања. Во ова post-genre време кога самите артисти стануваат жанр, како би го опишале „Занаду“?

– „Занаду“ е радост искажана преку мелодија, борба со поривот за креативност, приказ на звуци и приказна од звуци што тивко шепотат а гласно зборуваат, симбиоза на секој жанр што ќе помине низ филтерот, проследено со психоделија и блага меланхолија.

Фотографија: Никола Јовановиќ

Наспроти сите фаталистички сценарија за македонската музика и односот на младите кон неа, се чини дека таа никогаш не била пожива и пошаренолика, а и пообединета отколку сега. Го пронајдовте ли своето место на македонската алтернативна сцена или тоа е процес што сè yште трае?

– Разјаснувањето на тоа кои сме и каде сме, сè уште трае, а не сме сигурни дали сакаме да пронајдеме статично место, впрочем, сакаме да сме некаде помеѓу, слободни, без стравот од досадноста на затворениот круг и стационираноста, без етикети и граници. Го уживаме процесот на пронаоѓање, без да целиме да се пронајдеме. Среќни сме што сме дел од сцената и што нејзините потреби се поклопуваат со нашите желби, а под „нашите“ мислиме на сите што се доволно храбри да ги следат своите соништа.

Фотографија: Зденко Петровски

При крајот на минатата година го промовиравте деби-албумот „Соништа“ на мошне интересна и посетена свиречка промоција. Иако е уште релативно рано, сепак дали имате некакви првични реакции и каков е генерално фидбекот на публиката?

– Многу нè прави среќни кога ќе видиме некој што ја доживува и ја разбира музиката на свој начин, кого го натерала да размисли и му создала своја слика за нашата вистина. Ја чувствуваме публиката сè поблиска, со секој стих што го пееме заедно, секоја мисла што ја мислиме заедно и секој сон што го сонуваме заедно.

Прашање што не ги одминува артистите што ги интервјуираме на PopUp e: Што се врти на вашата плејлиста во последно време? 😊

– Уште од првата проба како „Занаду“, пробуваме да се најдеме на барем слична бранова должина, од причина што сите носиме архетипно различни карактеристики и музички допаѓања. Во последно време изборот оди од Alt-J, James Blake, King Krule и Lou Reed, преку Average White Band, Rainbow, T – square, Rush, па се до Vulfpeck, Hiatus Kaiyote, KENS, Владимир Четкар и уште многу.

Од спотот „Соништа“. Камера: Давид Милошевски, режија и монтажа: Марија Гушкова

Во песната „Дали веруваш“ испреплетена со етно-звук, го испраќате слушателот на темелно преиспитување со директни прашања: Дали веруваш во мене? / Дали веруваш во себе? / Дали веруваш во денес? / Дали веруваш во сите освен нас? Во што верувате вие?

– Мислам дека во есенцијата на прашањава е дали денес воопшто веруваме? И, да, ние силно веруваме. Веруваме во убавината на денот и во подобро утре, веруваме во љубов и слобода, веруваме во она што го гледаме и слушаме, во вистина, во остварување соништа, веруваме во заедништво а не веруваме во догми, веруваме во мир и во музика.

Настапувате на фестивалот за независна македонска музика „Земјотрес 11“ како дел од една свежа, ветувачка и инспиративна музичка авангарда. Што значат за вас настаните од ваков тип?

– Уживаме и нестрпливи сме за секоја свирка, а особено за настани кога имаме шанса да делиме сцена со луѓе што ја негуваат истата љубов како и ние, со наши другари и истомисленици. Уживаме во близината со публиката, да ја пееме „Навика“ заедно и да го живееме она што го сонуваме.

Јосип Коцев

Previous Post

Уживајте во мирот од поправањето предмети, без нередот и прашината

Next Post

#БезОбјаснување: Кирил Донев

Next Post
#БезОбјаснување: Кирил Донев

#БезОбјаснување: Кирил Донев

Comments 1

  1. Пингување: Ова е полесно од нарачување преку AliExpress 👇 - PopUp

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum