Земајќи книги со различни артистички моменти за кои дотогаш немал слушнато, тој открива нова возбудлива естетика што го испраќа во студиото и го тера да ја примени во своите дела. Така, работата на овој илустратор секогаш изненадува и воодушевува, а неговиот заштитен знак се пастелните црти врз црно-бели фотографии. Голем дел од неговата работа е игра. Вели дека кога му е здодевно постојано истражува и експериментира, па можеби затоа креира толку експресивен и убав дијалог со енергија што тешко да се игнорира.
Во неговиот уметнички процес има елементи на формализам, преку подигнувањето на елементите на секоја слика и внесувањето нов живот во веќе постоечко дело. Се чини дека тој не им се открива на сликите, туку сликите му се откриваат нему, додека ја користи уметничката сензитивност и плови низ креативниот процес.