PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Vienna design week: Домашна дизајн сцена со фокус на современ фински дизајн

popup by popup
октомври 2, 2019
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Во центар на интерес е домашната сцена, дизајн на производ, мебел, индустриски дизајн, архитектура, графички и социјален дизајн, како и експериментални и дигитални пристапи, а целта е локалниот потенцијал да се препознае, вмрежи и да се промовира интернационално. Годинава специјален простор е посветен на Финска, како земја гостин со многуслојна историја на дизајн, а современ фински дизајн се прикажува на изложбата Wild at Heart.

Типично за фестивалот покрај многубројните локации е што секоја година се менува главното седиште и се прави осврт на различен кварт од градот. Овој пат тоа е областа Alsergrund, северно од стариот, централен дел на Виена, со карактеристични широки улици и елегантни градби од крајот на 19 век. Некогаш негова одредница биле занаетите што се одвивале во него, изработка на кочии, производство на порцелан и печатарство, подоцна станува препознатлив како еврејски кварт, по домот на Зигмунд Фројд, студентскиот кампус и пабови, гнездо на студенти и ЛГБТ-заедницата. Денес во оваа населба се развива најголемиот урбанистички проект на градот, Althan Quartier, каде што воедно е и главната фестивалска сцена на design week.

Во програмата што опфаќа изложби, презентација на продукти, работилници, тури низ градот и разговори, дизајнот се ужива од различни перспективи. Може да се сведочи уникатно производство на продукт на специфични локации, да се учествува во истражувачки и експериментални проекти, како и да се следи во живо процесот на работа на дизајнери.




Урбана храна и дизајн е значајна тема веќе втора година на design week, која го засега дизајнот во процесите на продукција транспорт и маркетинг. Возбудливо мултисензорно гастрономско искуство на консумирање храна претставува The chromatic dinner, спој на западен дизајн и источна философија. Оваа презентација по неколку светски дестинации за првпат е возможно да се доживее токму на овој фестивал во Виена.





Анна

Previous Post

15 артисти на 3 стејџа на НЕкултура PMG Recordings Festival 9

Next Post

Петтиот „BookStar“ го носи кремот на европската литература во Скопје

Next Post

Петтиот „BookStar“ го носи кремот на европската литература во Скопје

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum